Заштита за лични податоци

Овие заштита за лични податоци имаат за цел да појаснат и образложат каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна и се однесува само за www.slavej.mk и поддомените.
Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни или контролорите кои ги управуваат таквите веб страни.
Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува приоритет во работењето на Славеј А.Д. – Скопје .
 Ние како компанија посветуваме големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.
 Овој Водич треба да биде практична алатка што дава појаснување за значењето на термините кои се користат во прописите за заштита на личните податоци, ги разработува начелата за заштита на личните податоци кои задолжително се земаат предвид при секоја обработка на личните податоци на корисниците и вработените на Славеј.
 Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

 Лични податоци кои се превземаат:

  •  Име и презиме
  •  Електронска пошта
  •  Адреса за испорака на нарачката
  •  Телефон за контакт

 Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
 Славеј А.Д. – Скопје го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
 Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации.

Колачиња

 Славеј  Ве информира дека овој сајт користи текстуални датотеки наречени “cookies “ (колачиња). Без нив сајтот нема да функционира правилно и многу од опциите нема да можете да ги видите. „Колачињата“ се мали текстуални датотеки кои се запишуваат во вашиот компјутер или мобилен уред при посета на некоја веб страна. Колачињата чуваат информации за вашите поставки во веб прелистувачот, како на пример: јазик, големина на фонт како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредени страници. На тој начин при повторна посета на истата страна не мора повторно да ги поставувате. Некои од колачињата се неопходни за функционирање на страниците, а некои служат и за собирање статистички податоци.
 Со помош на колачињата  се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната без поврзување со вашите лични податоци.
 Сите информации кои се запишуваат во колачињата, Славеј ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност.
 Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
 Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани.
 Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. 
 Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.

 Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.

 Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг.

 Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:
Е-маил адреса: grizazakorisnici@slavej.mk


 Оваа политика на приватност стапува на сила од Јануари 2022 година.
Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет странатa www.slavej.mk  најмалку 10 дена пред да стапат во сила.

Shopping Cart