ПРОЦЕДУРА ЗА ЗАМЕНА/РЕФУНДАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ
Доколку по прием на нарачаниот производ сакате да го замените истиот за друга големина или друг производ за ист или повисок износ или сепак сте се одлучиле за враќање на производот и рефундација на средства, Ве молиме да не исконтактирате на телефонскиот број 075 385 221 или да ни испратите е-маил на online@slavej.mk за замена на производ. Ве молиме исконтактирајте не со потребните информации, односно со број на фактура, шифра и величина на производот кој сакате да го замените и шифрата и величината на производот за кој сакате да се изврши замена на иницијалниот производ. Дополнително, за рефундација на средства, покрај бројот на фактура и шифра на производот кој е за враќање, потребно е да ни ја пишете и Вашата трансакциска сметка со цел успешно да се изврши повратот на средства.
*Напомена: Рефундацијата за нарачки се врши во рок од 15 до 30 работни дена откако производот ќе се врати во нашата продавница.
Замените и рефундациите се прават исклучиво онлајн и не е можна физичка замена или рефундација на средства во нашите продавници. Производите се заменуваат и рефундираат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Производот кој сакате да го вратите мора да бидe неоштетен, да не е перен, да не е носен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација, кутија и фактура.
По приемот на барањето за замена или рефундација, одговорните во одделот за онлајн нарачки во Славеј АД Скопје ја известуваат курирската служба да го подигне производот кој што сакате да го замените од Вашата адреса и да го врати во нашата продавница. Производите пред да се предадат на курир треба да се спакувани според насоките од вработениот од Славеј, зошто во спротивно може да дојде до пролонгирање на рокот за замена или рефундација, дури во некои случаи и до изгубени производи.
Откако производот ќе се врати во продавница, добивате известување на Вашиот е-маил дека истиот е вратен и се утврдува дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот или истиот не е вратен во оргиналното пакување, ќе биде одбиена замената или рефундацијата и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок. Во спротивно доколку производот е во исправна состојба и во оргиналното пакување, ќе се активира заменската нарачка или ќе се изврши рефундација на средства.
*Напомена: Поради хигиенски причини, следниве производи не подлежат на враќање: компресивни чорапи и хулахопки, антидекубитални душеци и тоалетни помагала.
Замената можно е да се реализира во рок од 15 дена по приемот на производите, додека враќање и рефундација може да се реализира во рок од 15 до 30 дена од прием на производите.
РОК ЗА ЗАМЕНА И РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА
Рокот за рефундација на средства или замена на производ е 15 до 30 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот.
ТРОШОЦИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД
Во случај на рефундација/замена на производот најпрвин треба да нѐ исконтактирате на телефонскиот број 075 385 221 или да ни испратите е-маил на online@slavej.mk.
Tрошокот за враќање ќе биде определен според официјалниот ценовник на Карго експрес, според тежината и волуменот на пратката. Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ, во кој случај важат правилата за РЕКЛАМАЦИИ објавени на нашата веб страна.
НАПОМЕНА:
Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за замена на производ, како и со условите за рефундација на средства.