-
Навлаки
Силиконска навлака (Линер) AKDT – Alps
Погоден е за натколени ампутации и за потколени ампутации, за корисници со среден и висок степен на активност (3-4). АКDT лајнерот има до 80% помалку дистално истегнување во однос на другите гел лајнери, што им овозможува на корисниците да имаат поголема стабилност при зголемени активности. Високата густина на гелот не дозволува брчкање и пролизгување.
-
Навлаки
Силиконска навлака (Линер) ELDT – Alps
ELDT лајнерот е идеален за корисници со чувствителна кожа.
ALPS EasyGel содржи специјална мешавина на антиоксиданси кои се наменети за спречување иритации и лечење на оштетувањата на кожата предизвикани од слободните радикали. Оваа карактеристика го прави Easyliner идеален избор за дијабетичари или пациенти со лузни или оштетена кожа. -
Навлаки
Силиконска навлака (Линер) GLAK – Alps
GLAK линерот има хоризонтални попречни ленти по обем со цел да се создаде вакуум и формира подобра кохезија помеѓу линерот и лежиштето. Попречните ленти од внатрешната страна на линерот се мазни со што се подобрува прилепувањето на линерот на кожата на чкунката без да се намали протокот на крв во чкунката.
-
Навлаки
Силиконска навлака (Линер) PR30.FC
Високотехнолошката функционалност на антибактерискиот адитив на лајнерот ја штити чкунката од бактерии и непријатни мириси.
Хоризонталната еластичност на лајнерот придонесува за прилагодување на обликот на чкунката. Интегрираната, внатрешна постава спречува издолжување и движење на чкунката, а со тоа сигурност на корисникот и контрола на протезата. Нема истегнувањето по обем. Постават е пријатна за кожата, ефикасно го намалува триењето помеѓу лајнерот и кожата, особено во областа на перинеумот.Дебелина на лајнерот може да биде 3mm или 6mm.
Лајнерот PR30.FC е со пин.
-
Навлаки
Силиконска навлака (Линер) SPDT – Alps
SPDT лајнерот е идеален за корисници со среден и висок степен на активност (3-4).
Овозможува удобност и стабилност. Високи перформанси за помало дистално истегнување и зголемена контрола на протезата. За подобро пратење на формата на чкунката лајнерот се истегнува по обемот.
Лајнерот е исто така соодветен за корисници кои преминуваат од силикон лајнер на гел лајнер. -
Инвалидски колички - Стандардни
Универзална инвалидска количка со подвижен наслон и папучи кои се подесуваат – Стандард и со адаптација за WC
15.930,00 ден3101 | Универзална инвалидска колчичка со подвижен наслон и папучи кои се подесуваат – Стандард и со адаптација за WC
*Потребна е дополнителна потврда за адаптација за WC(3201)
Партиципација: 0%
- Склоплива механичка количка со метален рам;
- Потпирачите за грб и нозе се подесуваат и може да се постават во хоризонтална позиција, што му овозможува на корисникот да биде во лежечка положба;
- Потпирачите за нозе се ротираат и отстрануваат;
- Полни гуми;
- Потпирач за глава;
- Прилагодливи наслони за листот на нозете;
- Адаптација за WC;
- Потпирачите за раце може да се подигнат.
-
Колички
Инвалидска собна количка- Стандард
15.540,00 ден3102 | На товар на ФЗОМ со доплата.
Партиципација: 0%
Доплата: 4.509 ден.- Склоплива инвалидска количка со алуминиумски рам;
- Потпирачите за раце и нозе може да се демонтираат;
- Лесно достапни кочници на задни тркала;
- 24″ задни тркала со полни гуми кои може брзо да се демонтираат;
- 7″ предни тркала со полни гуми и пластични вилушки.