Инвалидска алуминиумска количка – 3102ASC

15.540,00 ден

Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.

3102ASC е склоплива лесна инвалидска количка.

3102ASC има алуминиумски рам, преклопливи и демонтажни потпирачи за раце, демонтажни потпирачи за нозе од црна пластика и кочници на двете задни тркала. Кочниците се лесно достапни  на корисникот. Едноставно и брзо се склопува за транспорт. Има 24″ брзо демонтажни задни тркала со полни гуми и 7″ предни тркала со полни гуми и пластични вилушки.

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 420/450 mm,
  • Длабочина на седиштето 420 mm,
  • Висина на седиштето 500 mm,
  • Висина 960 mm,
  • Должина 1030 mm,
  • Ширина 640 mm,
  • Тежина 17 kg,
  • Максимална тежина на корисникот до 125 kg.

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Дополнителни информации

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Инвалидска алуминиумска количка – 3102ASC”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart