-
Надколени протези
Карбонско динамично стапало Trias – 1C30
Trias стапалото е комбинација на креативен дизајн и иновативна технологија.
Меѓусебно поврзаните пружини го олеснуваат ударот на петата и овозможуваат природен премин на фазите (нишање/потпирање) со поголем поврат на енергијата. Сигурниот од му помага на корисникот да изгради самодоверба. Стапалото лесно се прилагодува на различни брзини на одење и по нерамномерен терен без губење на сигурноста. Значително е намалено оптоварувањето на здравиот екстремитет.1C30 Trias стапалото е достапно во големини од 21 до 30 сантиметри .
-
Надколени протези
Карбонско динамично стапало Triton – 1C60
1C60 Triton одличнo се однесува и при големо оптеретување.
Направено од лесен, композит од јаглеродни влакна и пружина од полимер со високи перформанси кои формираат кохезивен систем. Ова овозможува исклучителнo стабилен од по нерамни површини или при брзо менување на правецот, како на пример при спортување.
1C60 Triton е погоден за корисници кои сакаат да имаат динамично стапало погодно за секојдневниот живот и рекреативното спортување степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 150 кг.1C60 Triton стапалото е достапно во големини од 21 до 30 сантиметри .
-
Суплементи
Коензим Q10
Doс Coenzyme Q10 висококвалитетен додаток во исхрана кој содржи Коензим Q10 (CoQ10), збогатен со Витамин Б6 и Биотин.
Коензимот Q10 (CoQ10) е хранлива состојка која се јавува природно во телото на човекот, но како што старееме, така се намалува и производствотот на Q10.
Коензимот CoQ10 е присутен во секоја клетка на човечкотот тело. Сепак, највисоки концентрации се наоѓаат во органите со најголеми енергетски барања, како што се срцето, бубрезите, белите дробови и црниот дроб. Една од нејзначајните функции на CoQ10 е да помогне во генерирање енергија на клеточно ново. Коензимот CoQ10 е активно вклучен во генерирање на аденозин трифосфат (adenosine triphosphate ATP), кој е одговорен за трансфер на енергија во клетките. -
Суплементи
Колаген
1.250,00 денDoc Collagen висококвалитетен додаток во исхраната за пиење, кој содржи сертифициран хидролизиран колаген тип-I кој доаѓа од чист, природен извор на риба и се одликува со лесна и брза апсорпција во човечкото тело во идеална доза (5 г во поединечна доза). Doc Collagen е збогатен со хијалуронска киселина, витамин Б комплекс (Б1, Б2, Б5 и Б6), Биотин (Витамин Б7), витамин Ц, минерали Цинк и Бакар.
Колагенот е во форма на пептиди што веќе се разделени во соодветна големина за апсорпција во човечкото тело. Молекуларната маса на пептидите Peptan е оптимизирана за најдобра апсорпција и изнесува 3.000 Далтони.
-
Суплементи
Колаген тип 2 – Коса
650,00 денDoc Hair напредна формула која комбинира колаген тип 2, збогатена со витамин Ц, биотин, бакар, селен и цинк со цел подобрување на состојбата на косата. Една таблета комплетно за здравје и убавина.
Колагенот тип 2 во комбинација со витамините и минералите придонесува за здрава и цврста коса.
Колаген игра голема улога во обновувањето на клетките и е одговорен за одржување на силата и еластичноста на коските, зглобовите, тетивите, кожата, очите, внатрешните органи, ноктите и косата.
-
Зглобни механизми
Коленски зглоб со кочница – 3R15
3R15 е модуларен едносовински коленски зглоб со кочница.
Наменето е за корисници со низок степен на активност (1). Закочувањето е автоматско при целосна екстензија на коленото. При одење коленото е закочено и нема свиткување со што се добива стабилност и сигурност при одот. Свиткувањето на коленато е до 140 °. Деблокирањето на коленото е при седнување и рачно со сајлата за откочување. -
Зглобни механизми
Лакотен зглоб Dynamic arm 12K100N – Ottobock
12K100N DynamicArm е миоелектронски лакотен зглоб, управуван од електромотор и е наменет за корисници со трансхумерални или повисоки нивоа на ампутација. Флексијата на лакотниот зглоб е контролирана со мускулни сигнали. Има висока сила за кревање и држење. Движењата се природни и прецизни со брзо позиционирање. Има атрактивен изглед и ниско ниво на бучава. Деловите од силикон ги елиминираат звуците предизвикани од потпирање или удари во тврда површина.
Протезата е особено незабележителна, благодарение на безшумната фаза на свиткување и обликот и бојата кои се вклопуваат во целокупната слика на човечкото тело.
-
Колички
Лесна инвалидска количка – START M4 XXL
52.600,00 ден3109 | На товар на ФЗОМ со доплата.
Партиципација: 0%
Доплата: 22.481 ден.- Лесна склоплива инвалидска количка изработена од алуминиум;
- Има зајакнат механизам што овозможува користење и при поголема тежина на корисник до 160 кг;
- Задните тркала лесно се отстрануваат без алат;
- Балансер против превртување;
- Тркалата се подесуваат со цел да се прилагоди центарот за гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се добива поголема стабилност или мобилност;
- Висината на потпирачот на грбот се прилагодува;
- Потпирачите за нозе се подесуваат по висина.