2306-2022090713444927042306-202209071344492704

3101DAA

Реф. број: DYO1903GC

Универзална инвалидска количка со подвижен наслон и папучи кои се подесуваат – Стандард

ФЗОМ 3101

Партиципација: 0%

14.150,00 ден

Ширина на седиште

41 см

46 см

-

1

+

Додај во кошничка

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Мултифункционална склоплива механичка инвалидска количка со метален рам;
  • Потпирачите за грб и нозе се подесуваат и можат да се постават хоризонтално, што му овозможува на корисникот да биде во лежечка положба;
  • Дополнително количката има потпирач за глава и прилагодливи наслони во делот на листовите на нозете;
  • Потпирачите за нозе се демонтираат и подесуваат (нозете можат да бидат хоризонтални).

Технички карактеристики

  • Вкупна должина: 120 см
  • Ширина на седиште: 41/46 см
  • Длабочина на седиште: 40 см
  • Вкупна ширина: 65 см
  • Вкупна висина: 123 см
  • Висина на седиште: 52 см
  • Висина на наслон: 82 см
  • Тежина на количка: 23 кг
  • Тежина на корисник: 100 кг

ФЗОРСМ медицински индикации

  • G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
  • G20 Паркинсонова болест;
  • G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
  • G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
  • G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
  • G80.0 Спастична церебрална парализа;
  • G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
  • G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
  • G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначена;
  • G81.9 Хемиплегија, неозначена;
  • G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
  • I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
  • Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
  • M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
  • B91 Секвели од полиомиелит;
  • Z89.5 Стекнат недостиг на нога до или под колено;
  • Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
  • Z89.7 Стекнат недостиг на двета долни екстремитети на било кое ниво освен само прсти;
  • Z96.8 Присуство на други означени функционални имплантати.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.