200-go-glavna200-go-glavna

3109V200GO

Стандардна лесна инвалидскa количка – V200 Go

ФЗОМ 3109

Количката се персонализира според потребите на корисникот и се нарачува. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за Вас и Вашите потреби.

33.720,00 ден

Партиципација: 0%

Доплата: 3.601 ден.

Достапно по нарачка

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Склоплива количка изработена од алуминиум, која нуди дел од карактеристиките на активните колички;
  • Странични заштитни панели кои се подесуваат по висина, што го олеснува седнувањето во количката;
  • Потпирачот за грб се навалува со што транспортот на количката едноставен и лесен;
  • Седиштето се подесува по висина и агол;
  • Тркалото се поставува во различни позиции, за да се прилагоди центарот на гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се одбива поголема стабилност или подвижност;
  • Голем избор на дополнителна опрема;
  • Ротирачки потпирачи за нозе, со можност за отстранување на истите;
  • Задните тркала лесно се демонтираат;
  • Алуминиумски кочници;
  • Заштита од превртување.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина:
  • Ширина на седиште:
  • Длабочина на седиште:
  • Вкупна ширина:
  • Вкупна висина:
  • Висина на седиште:
  • Висина на наслон:
  • Тежина на количка:
  • Тежина на корисник:

ФЗОРСМ медицински индикации

  • (G71; G71.0; G71.1; G71.2; G71.3; G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
  • (G80; G80.00; G80.01; G80.02; G80.03; G80.09; G80.3; G80.4; G80.8; и G80.9) Церебрална парализа;
  • (G82.0; G82.1 и G82.2) Параплегија;
  • (G82.3; G82.4 и G82.5) Тетраплегија;
  • Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
  • Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
  • Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво), (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено), (доколку не може да се постави протеза)

Критериум

На осигуреното лице кое трајно користи инвалидска количка му се одобрува стандардна лесна инвалидска количка која е наведена во списокот на ортопедски помагала.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.