glavna-26glavna-26

3109VMX2EC

Стандардна лесна инвалидска количка – Eclips X2

ФЗОМ 3109

Партиципација: 0%

30.119,00 ден

Ширина на седиште

38 см

-

1

+

Додај во кошничка

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Изработена од алуминиум со темен рам и гуми, кои и даваат модерен и современ изглед;
  • Тркалата се подесуваат со цел да се прилагоди центарот за гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се добива поголема стабилност или мобилност;
  • Наслонот се склопува, со што зазема помалку место при транспорт;
  • Кочници за помошникот: важна функција која дава сигурност, при туркање на количката низ стрмни површини;
  • Ротирачки потпирачи за нозе, кои се подесуваат по висина и се отстрануваат;
  • Задните тркала лесно се демонтираат без алат;
  • Може да се промени висината на седење според потребите на корисникот;
  • Заштита од превртување;
  • Седиштето и наслонот се изработени од материјал AirFlow кој овозможува воздухот слободно да циркулира.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина: 100 см
  • Ширина на седиште: 38 см
  • Длабочина на седиште: 42 см
  • Вкупна ширина: 59 см
  • Вкупна висина: 102 см
  • Висина на седиште: 52 см
  • Висина на наслон: 46 см
  • Тежина на количка: 17 кг
  • Тежина на корисник: 150 кг

ФЗОРСМ медицински индикации

  • (G71; G71.0; G71.1; G71.2; G71.3; G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
  • (G80; G80.00; G80.01; G80.02; G80.03; G80.09; G80.3; G80.4; G80.8; и G80.9) Церебрална парализа;
  • (G82.0; G82.1 и G82.2) Параплегија;
  • (G82.3; G82.4 и G82.5) Тетраплегија;
  • Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
  • Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
  • Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво), (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено), (доколку не може да се постави протеза)

Критериум

На осигуреното лице кое трајно користи инвалидска количка му се одобрува стандардна лесна инвалидска количка која е наведена во списокот на ортопедски помагала.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.