OMBRELO-ONYXOMBRELO-ONYX

Инвалидска количка за церебрална парализа – OMBRELO

ФЗОМ 3106

Количката не е достапна на залиха, се работи по нарачка. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за детето.

131.026,00 ден

Партиципација: 0%

Доплата: 96.679 – 107.024 ден.

Големина

2

3

4

5

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Лесна количка дизајнирана за деца и возрасни која лесно се склопува (како чадор) што ја прави лесна за транспорт;
  • Количката има иновативно седиште BodyPrint™опремено со ремени кои лесно се прилагодуваат на корисникот;
  • Фиксниот агол на потпирачот за грб е 30° што го намалува притисокот врз меките ткива и спречува појава на рани;
  • Покрај тоа што е стабилна и удобна, количката OMBRELO е лесна и практична за управување;
  • Потпирачи за нозе со стегачи кои се подесуваат за секоја нога посебно; Наклон на седиштето од 30°;
  • Количката е достапна во 4 големини и е наменета и за возрасни до 120 кг.

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
    Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОРСМ медицински индикации

  • G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.