22

3106AKD

Инвалидска количка за церебрална парализа – NOVA EVO

ФЗОМ 3106

Стручно лице од Славеј, зема мерки од детето и ја одредува големина на количката. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за детето.

82.340,00 ден

Партиципација: 0%

Доплата: 47.993 ден.

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Невролошка количка NOVA EVO се препорачува за корисници со контрактури на кои им е потребна дополнителна поддршка;
  • Карактеристика на количката е длабоко и меко седиште кое овозможува удобно седење;
  • Предните тркала на количката се ротирачки а задните се пневматски гуми и има централна кочница;
  • Потпирачот за глава се прилагодува по висина а потпирачите за нозе се подесуваат;
  • Има безбедносен држач за раце и ремен со 5 нивоа на прилагодување;
  • Количката лесно се склопува и може да се транспортира во автомобили со помал простор за багаж;
  • Има голем број на можности за прилагодување и додатоци што овозможува да се прилагоди на потребите на корисникот.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина: 126 см
  • Ширина на седиште: 36 см
  • Длабочина на седиште: 38 см
  • Вкупна ширина: 68 см
  • Вкупна висина: 109 см
  • Висина на наслон: 70 см
  • Тежина на количка: 21 кг
  • Тежина на корисник: 60  кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОРСМ медицински индикации

  • G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.