ezgif-6-7fb6c2d3fbezgif-6-7fb6c2d3fb

3106VMB

Инвалидска количка за церебрална парализа – Gemini 2

ФЗОМ 3106

Стручно лице од Славеј, зема мерки од детето и ја одредува големина на количката. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за детето.

51.230,00 ден

Партиципација: 0%

Доплата: 16.883 – 21.393 ден.

Големина

32CM

40CM

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Невролошка количка Gemini 2 е целосно склоплива, лесна за транспорт изработена од алуминиумска рамка;
  • Количката е мултифункционална, има иновативен систем за позиционирање, што овозможува правилно држење на телото на детето;
  • Gemini 2 има голем број на додатоци за позиционирање со кои може да се корегира позицијата на главата, торзото, колковите и стапалата;
  • Има ремен со 5 нивоа, потпирач за глава, странични перничиња и држач за раце;
  • Количката е достапна и за поголеми деца со челична рамка што обезбедува висока цврстина и квалитет;
  • Лесно се отстранува седиштето и може да се менува правецот на седење.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина: 95/106 см
  • Ширина на седиште: 32/40 см
  • Длабочина на седиште: 36/42 см
  • Вкупна ширина: 62/69 см
  • Вкупна висина: 120/127 см
  • Висина на седиште: 51 см
  • Висина на наслон: 64/77 см
  • Тежина на количка: 18/27 кг
  • Тежина на корисник: 35/50 кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОРСМ медицински индикации

  • G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.