Untitled-1Untitled-1

5112SLGIPS

Индивидуални ортопедски влошки по гипсен отисок

Овие влошки се изработуваат индивидуално. Потребно е да дојдете во Славеј, нашиот стручен тим да ви земе мерка од стапалото, по што влошките се изработуваат според земените мерки.

7.380,00 ден

Достапно по нарачка

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

Опис

  • Спортските влошки се изработуваат по индивидуален отисок на гипсен модел на кој се моделирани сите неопходни корекции со цел рамномерно оптоварувањето на стапалата;
  • Петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено;
  • Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото;
  • Материјалот од кој се изработуваат овие влошки е EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стапалата и колената при спортување;
  • Се одликуваат со мала тежина (50 грама).

Карактеристики

  • Поддршка на сводот од стапалото;
  • Идеално биомеханичко распределување на оптоварувањата при спортување;
  • Преземање на дел од притисокот кое стапалото го врши врз подлогата;
  • Намалено напрегање на оптоварените делови од стапалото;
  • Намалено оптоварување на стапалото, скочниот зглоб, коленото и ‘рбетниот столб;
  • Стабилизирање на петата.

Медицински индикации

  • Metatarsalgia;
  • Pes planus et transferzoplanus;
  • Pes planovalgus (рамно стапало) ;
  • Pes excavatus.
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.