Активна ортоза со алуминиумски шини – Genu Direxa
5.528,00 ден
Во случаи на мала до умерена нестабилност во коленото (лабавост на лигаментите) Genu Direxa помага во стабилизацијата на коленскиот зглоб, ја намалува болката и повторно ја враќа нормалната функција на зглобот.
Правилно дозираната компресија при носењето на ортозата ја подобрува сензомоторната функција, добивате подобрено чувство за функционирањето на коленото и се чувствувате побезбедно.
Со цел да се чувствувате удобно и при долготрајно носење на ортозата материјалот со кој е обложена внатрешноста на Genu Direxa е исклучително мек и пријатен, особено на чувствителните регии на коленскиот зглоб.
Медицински индикации
- Пострауматска и постоперативна нестабилност и/ или чуство на нестабилност
- Коленски остеоартритис
- Реуматоиден артритис
Коментари
Се уште нема коментари.