Карактеристики
- Носивост 120 kg;
- Тежина на количката 57 kg;
- Должина 1,050 mm
- Ширина 585 mm
- Ширина на седиштето 400-460 mm;
- Длабочина на седиштето 380-480 mm;
- Висина на седиштето 500 mm
- Опсег 25 km;
- Совладување угорнина до 12 %
Wingus е моќна електромоторна инвалидска количка за седење и погон на задните тркала што ја прави подеднакво погодна како за внатрешна така и за надворешна употреба.
Овој компактен, управувачки модел се одликува со иновативна, конзолна рамка која нуди високо ниво на удовност при возењето.
Wingus комбинира сигурна функционалност со привлечен, минималистички дизајн.
G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.
Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандард, со потежок степен на телесен хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос. Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка.
Коментари
Се уште нема коментари.