Електромоторна инвалидска количка Vermeiren – ForestKids

202.331,00 ден

Vermeiren – ForestKids  е електромоторна инвалидска количка за деца.

Количката може да се користи надвор и во затворен простор.

Нуди поголема мобилност и самостојност во секојдневниот живот. Големината и обликот на тркалата се такви да го пратат теренот по кој се движат и секогаш се во контакт со тлото за поголема стабилност. Надминување на нерамнини до 120 mm. Потпирачите за раце се подесливи по висина, а потпирачите за нозе се подесливи во длабочина. Рачките за туркање се подесливи по висина. Има и LED светла напред и назад.

Карактеристики

  • Носивост 50 kg;
  • Моќност 2х220/2х350 W
  • Тежина на количката 95 kg;
  • Ширина на седиштето 320/ 350/370 mm;
  • Длабочина на седиштето 330/ 390 mm;
  • Ширина 600 mm;
  • Должина (со поптирачот за нозе): 1050 mm;
  • Брзина 6/10 km/h;
  • Опсег 30 km;
  • Совладување угорнина до 10°/17 %
  • Батерии 2х12V 75 Ah

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Напомена

Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандард, со потежок степен на телесен
хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос. Индикационо подрачје кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка.

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Електромоторна инвалидска количка Vermeiren – ForestKids”
Shopping Cart