Електромоторна инвалидска количка – Turios – 3107TUR

121.469,00 ден

3107 | Електромоторна инвалидска количка

Vermeiren – Turios  е компактнa електромоторна инвалидска количка.

Има моќен погон на задните тркала и наменета е за внатрешна и надворешна употреба. Позицијата на седење е подеслива на потребите на корисникот. Бојата и тркалата се исто така избор на корисникот. Поради многуте можности Turios може да се прилагоди на желбите и потребите на голем број корисници.

Карактеристики

  • Носивост 130 kg;
  • Тежина на количката 105.8 kg;
  • Моќност 2х150/2х450 W
  • Ширина на седиштето 390/ 450/510 mm;
  • Длабочина на седиштето 380/500-430/510 mm;
  • Ширина 580-640 mm;
  • Должина (со поптирачот за нозе): 1060/1070 mm;
  • Брзина 6/10 km/h;
  • Опсег >25 km;
  • Совладување угорнина до 6 %
  • Батерии 2х12V 38/44/50 Ah

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Напомена

Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандард, со потежок степен на телесен
хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос. Индикационо подрачје кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка.

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Електромоторна инвалидска количка – Turios – 3107TUR”
Shopping Cart