Електромоторна инвалидска количка – Turios

121.469,00 ден

3107 | Електромоторна инвалидска количка

Партиципација: 0%

  • Компактна и моќна количка со модерен изглед и дизајн од Vermeiren погодна за внатрешна и надворешна употреба;
  • Има прилагодливи потпирачи за рацете во висина;
  • Има можност за избор на различни типови на гуми и боја на рамката;
  • Количката има можност за промена на степенот на потпирачот за грб;
  • Совладува угорнина до 6%;
  • Со едно полнење на батеријата поминува повеќе од 25 км;
  • Moќност 38-50 Ah;
  • Брзина на движење во зависнот од моделот 6-10 km/h;
  • Две батерии од 150/450W.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 390-510мм
  • Длабочина на седиште: 380-510 мм
  • Висина на седиште: 550-585 мм
  • Должина: 1070 мм
  • Ширина: 580-640мм
  • Тежина на количка: 105,8 кг
  • Максимална тежина на корисник: 130 кг

ФЗОМ Медицински индикации

Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандард, со потежок степен на телесен хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос. Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка.

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Електромоторна инвалидска количка – Turios”
Shopping Cart