Електромоторна инвалидска количка детска – ForestKids

202.331,00 ден

3107 | Електромоторна инвалидска количка

Партиципација: 0%
Доплата: 80.862 ден.

  • Електромоторна количка за деца од Vermeiren – ForestKids која може да се користи за внатре и надвор;
  • Има четири тркала кои секогаш истовремено се во контакт со подлогата, дури и на површини до 120 мм. Ова карактеристика и дава голема стабилност и безбедност на количката;
  • Потпирачите за раце се подесуваат по висина, а потпирачите за нозе се подесуваат во длабочина;
  • Количката има рачки за туркање кои се подесуваат по висина;
  • Има и LED светла напред и назад;
  • Совладува угорнина од 17 %;
  • Со едно полнење на батерија поминува 30 км;
  • Moќност  12-75Ah;
  • Две батерии од 220-350 W;
  • Брзина на движење во зависнот од моделот 6-10 km/h.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 320-370 мм
  • Длабочина на седиште: 330-390 мм
  • Висина на седиште: 350 мм
  • Должина: 1000 мм
  • Ширина: 600 мм
  • Тежина на количка: 95 кг
  • Максимална тежина на корисник: 50 кг

ФЗОМ Медицински индикации

Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандард, со потежок степен на телесен хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос. Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка.

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Електромоторна инвалидска количка детска – ForestKids”
Shopping Cart