glavnaglavna

3107TUR

Електромоторна инвалидска количка – Turios

ФЗОМ 3107

Цената е за основна верзија на количката. Секој додаток на количката се плаќа дополнително на основната цена. За подетални информации контактирајте не, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за Вас и Вашите потреби.

121.469,00 ден

Партиципација: 0%

Ширина на седиште

39 см

45 см

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Компактна и моќна количка со модерен изглед и дизајн од Vermeiren погодна за внатрешна и надворешна употреба;
  • Има прилагодливи потпирачи за рацете во висина;
  • Има можност за избор на различни типови на гуми и боја на рамката;
  • Количката има можност за промена на степенот на потпирачот за грб;
  • Совладува угорнина до 6%;
  • Со едно полнење на батеријата поминува повеќе од 25 км;
  • Moќност 50 Аh;
  • Брзина на движење во зависнот од моделот 6 km/h;
  • Две батерии од 150/450W.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина: 107 см
  • Ширина на седиште: 39/45 см
  • Длабочина на седиште: 50 см
  • Вкупна ширина: 58 см
  • Вкупна висина: 105 см
  • Висина на седиште: 55 см
  • Висина на наслон: 58 см
  • Тежина на количка: 106 кг
  • Тежина на корисник: 130 кг

ФЗОРСМ медицински индикации

Индикации исти како кај Инвалидска собна количка-стандард, со потежок степен на телесен хендикеп, за осигурени лица што се на школување и во работен однос. Индикационо подрачје – кај лица со највисок степен на онеспособеност на локомоторниот систем, кога поради парализа или деформитет на раката и ногата неможат активно да движат количка на рачен погон, но со движење на прстите или главата може да управува со електромоторна количка.

  • G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
  • G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
  • G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
  • G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
  • G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
  • G71-G72 Болести на мионевралната спојака на мускул;
  • G80.0 Спастична церебрална парализа;
  • G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
  • G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
  • G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
  • G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
  • G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
  • I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
  • Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
  • Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
  • T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
  • T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
  • M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
  • M15.9 Полиартроза, неозначено;
  • M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
  • B91 Секвели од полиомиелит.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.