Абдоминалниот ѕид (стомачниот) ги задржува како вистински појас сите стомачни органи на нивната нормална природна позиција.
Промените на стомачниот ѕид како општа слабост или растегнување ( на пр. трудница) доведуваат до тоа ,стомачните органи да го изгубат своето нормално лежиште и стомакот се спушта.
На ослабен и спуштен стомачен ѕид може да се влијае на два начина. Со вежби, со помош на кои се враќа тонусот на мускулите на стомачниот ѕид, и со носење на појасот за спуштен стомак кој ослабениот стомачен ѕид го потпира однадвор, а со тоа ги подига и внатрешните органи.
Не претставува проблем кај лицето што го носи во текот на секојдневните активности, удобен е и лесно се поставува.
Коментари
Се уште нема коментари.