ФЗОМ Медицински индикации
- G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
- G24 Дистонија;
- G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
- G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
- G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
- G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
- G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
- I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
- Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
- Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
- T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
- Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
- M08 Јувенилен артрит;
- M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
- B91 Секвели од полиомиелит;
- Q72 Редукциски дефекти на долен екстремитет.
Индикационо подрачје: – дете со низок степен на активност или неможност за самостојно управување со инвалидска количка – тогаш се препишува количка стандард – тетраплегија, триплегија, параплегија, хемиплегија/тетрапареза, трипареза, парапареза, хемипареза од тежок степен па нема можност за движење без употреба на инвалидска количка. Ампутација на обете нозе под колена (кога протезата е медицински контраиндицирана), ампутација на една нога – ако поради клиничкиот статус не е можна примена на протеза. Тешки дегенеративни или деструктивни процеси, посттрауматски деформитети или вродени болести на долните екстремитети кога нема можност за движење со употреба на штаки или одалка.