Активна инвалидска количка – детска Bravo Racer

120.500,00 ден

3110 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 50.645 ден.

  • Активна инвалидска количка за деца и адолесценти, со крута рамка, лесна за управување и транспорт;
  • Има крут рам а ширината и длабочината на седиштето се подесуваат за да го пратат растот на детето;
  • Наслонот може да се постави во повеќе позиции и се преклопува надолу;
  • Количката има единечен потпирач за нозе кој има можност за менување на аголот и длабочината;
  • Кочницата е со лост и може да се закочува со колено;
  • Достапни се голем број на опции, бои и додатоци.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 200-360 мм
  • Длабочина на седиште: 240-380 мм
  • Висина на седиште: 320-510 мм
  • Должина: 615-815 мм
  • Ширина: 490-650 мм
  • Висина: 720 мм
  • Тежина на количка: од 9 кг
  • Максимална тежина на корисник: 60 кг

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).

Критериуми

Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:

  • Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
  • Работен однос;
  • Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано;
  • Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Активна инвалидска количка – детска Bravo Racer”
Shopping Cart