Количката се изработува индивидуално. Стручно лице од Славеј, во соработка со корисникот, зема мерки и одбира компоненти според неговите потреби и желби, по што количката се нарачува. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за Вас и Вашите потреби.
69.855,00 ден
Партиципација: 0%
Достапно по нарачка
Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари
Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.
Склоплива инвалидска количка за активни лица со спортски дух;
Количката индивидуално се конфигурира заедно со корисникот, со земање мерка и избор на компоненти според неговите потреби и желби;
Изработена е од алуминиумски цевки со триаголен пресек за поголема издржливост на рамот и отпорност кон механички оштетувања;
Задните тркала се со спортски и модерен дизајн, лесно се демонтираат и се прилагодливи по висина и агол;
Лесно достапни кочници;
Предните тркала се подесуваат по висина;
Задните тркалата се подесуваат со цел да се прилагоди центарот за гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се добива поголема стабилност или мобилност;
Има единечен потпирач за нозе и страници кои се подесуваат по висина;
Mожност за голем избор на дополнителна опрема.
Технички карактеристики
Вкупна должина: 67,6-104,6 см
Ширина на седиште: 30-50 см
Длабочина на седиште: 32-50 см
Вкупна ширина: 46-66 см
Вкупна висина: 45,7-94,5 см
Висина на седиште: 38-51 см
Висина на наслон:/
Тежина на количка: >11 кг
Тежина на корисник: 70-130 кг
ФЗОРСМ медицински индикации
(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).
Критериум
Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:
Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
Работен однос;
Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано, и
Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.
Препишува
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.
ФЗОРСМ право на ново помагало
До 7 години на 36 месеци
Над 7 години на 36 месеци
18-65 години на 60 месеци
Над 65 години на 60 месеци
Слични производи
Инвалидска количка за церебрална парализа – OMBRELO
131.026,00 ден
Трицикл Lagoon за возрасни – Vermeiren
58.930,00 ден
Инвалидска количка за церебрална парализа – NOVA EVO
82.340,00 ден
Електромоторна инвалидска количка скутер – Ceres Delux 3 и 4
171.700,00 ден
Производ
Активна инвалидска количка – Trigo S
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.