• Стапала

    Карбонско стапало Mahi

    Со својот уникатен систем на зглобна карбонска пружина, Мahi уште подобро го реплицира ефектот на мускулите и тетивите на природното стапало. Mahi овозможува пријатно движење, со многу поголема динамичност и неспоредливо ниво на мобилност. Со својот елегантен финиш, мат црн изглед и пружина од јаглеродни влакна, Mahi се издвојува од конкуренцијата. Една од првите карактеристики што сe забележува кај ова стапало е неговата многу мала височина. Може да се каже дека е стапало со низок профил.

    • Мека, балансирана амортизација при нагазување на пета, за подобар трансфер во фаза на целосно оптоварување на стапалото.
    • Ефикасно, стабилно оптоварување на стапалото, одлична распределба на тежината.
    • Mahi обезбедува најмалку 8 ° на странична инклинација (инверзија и еверзија), гарантирајќи одлична стабилност на кој било терен.
    Додај во кошничка
  • Протези

    Карбонско стапало Upya

    Upya стапалото го репродуцира природното движење на човекот. Има уникатен дизајн кој одговара на големини од 25 cm до 29 cm. Деловите на Upya делуваат како скелет, додека динамичниот дизајн на пружината обезбедува сила исто како природна нога. Ова стапало гарантира удобност, стабилност и динамика, карактеристики што се потребни за поголема мобилност на корисникот.

    • Динамично: благодарение на неговата карбонска пружина која овозможува зголемен поврат на енергија.
    • Целосно биомеханичко: одличен дизајн кој го реплицира скелетот на природното стапало.
    • Обезбедува комфор: благодарение на неговата специфична геометрија и материјалите од кој е изработен.
    • Нагазот на пета е мек и удобен.
    • Upya е стабилно стапало, со кое ќе се чувствувате самоуверено.
    • Upya добро се прилагодува на различни површини, така што повеќе не морате да се грижите за вашето движење по нерамен терен.
    • Водоотпорно на слатка, хлорирана и солена вода.
    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Гумено едноосовинско стапало – 1H40

    Едноосовинското стапало 1H40 има природен облик со мазна површина и формирани прсти. Стапалото со своите својства е погоднo за корисници со низок и среден степен на активност (1-2) и со телесна тежина на корисникот до 100 кг. Стапалото овозможува на корисникот брзо да постигне сигурност во стоењето и одот. Тие се особено погодни за корисници со трансфеморална ампутација.

    1H40 стапалото е достапно во големини од 22 до 29 сантиметри.

    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Гумено стапало SACH – 1S90

    1S90 стапалото со своите својства е погоднo за корисници со низок исреден степен на активност (1-2) и со телесна тежина на корисникот до 125 кг.
    Функционалните својства се постигнуваат преку комбинација на профилирано дрвено јадро и гумена (функционална пена) обвивка. Има стандардна форма на стапало со природен изглед, мазна површина, обликувани прсти и палец. Има висина на пета од 10 +/- 5 mm.
    SACH стапалото е наменето за употреба во модуларни и егзоскелетни протези.

    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Динамично стапало – 1D10

    Динамичното стапало 1D10 наликува на природната форма на стапалото со мазна површина, обликувани прсти и ножен палец.
    Функционалните карактеристики се постигнуваат преку докажаната комбинација на контурно јадро и гумена (функционална пена)обвивка. Ова резултира со удобен удар на петата и помек премин на фазите (нишање/потпирање) отколку кај SACH стапалото. Обвивката има подобрени динамички карактеристики. 1D10 се испорачува заедно со титаниумски модуларен адаптер.

    1D10 стапалото е достапно во големини од 22 до 30 сантиметри.

     

    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Карбонско динамично стапало ASYA

    Во домот и надвор карбонското стапало ASYA нуди стабилност и сигурен контакт со подлогата за корисници со степен на активност 3 и 4 и тежина до 150кг.
    Стапалото се препорачува за активности дома, на работа, за пешачење и при рекреативно спортување. Конструкцијата на петата овозможува извршување на активностите со помала потрошувачка на енергија со што се намалува потрошувачката на енергија во одењето.

    Опсег на големина: 22 см-29 см.

    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Карбонско динамично стапало Elite 2 – Blatchford

    Лесно стапало за активни корисници. Вертикална апсорпција на ударите и ефикасен поврат на енергијата. Погодно е за пешачење на сите терени, како и за разновидни рекреативни спортови.
    Elite 2 стапалото е погоднo за корисници со среден и висок степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 166 кг.

    Опсег на големина: 24 см-30 см.

    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Карбонско динамично стапало Trias – 1C30

    Trias стапалото е комбинација на креативен дизајн и иновативна технологија.
    Меѓусебно поврзаните пружини  го олеснуваат ударот на петата и овозможуваат природен премин на фазите (нишање/потпирање) со поголем поврат на енергијата. Сигурниот од му помага на корисникот да изгради самодоверба. Стапалото лесно се прилагодува на различни брзини на одење и по нерамномерен терен без губење на сигурноста. Значително е намалено оптоварувањето на здравиот екстремитет.

    1C30 Trias стапалото е достапно во големини од 21 до 30 сантиметри .

    Додај во кошничка
Shopping Cart