• Надколени протези

    Карбонско динамично стапало Elite 2 – Blatchford

    Лесно стапало за активни корисници. Вертикална апсорпција на ударите и ефикасен поврат на енергијата. Погодно е за пешачење на сите терени, како и за разновидни рекреативни спортови.
    Elite 2 стапалото е погоднo за корисници со среден и висок степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 166 кг.

    Опсег на големина: 24 см-30 см.

    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Карбонско динамично стапало Trias – 1C30

    Trias стапалото е комбинација на креативен дизајн и иновативна технологија.
    Меѓусебно поврзаните пружини  го олеснуваат ударот на петата и овозможуваат природен премин на фазите (нишање/потпирање) со поголем поврат на енергијата. Сигурниот од му помага на корисникот да изгради самодоверба. Стапалото лесно се прилагодува на различни брзини на одење и по нерамномерен терен без губење на сигурноста. Значително е намалено оптоварувањето на здравиот екстремитет.

    1C30 Trias стапалото е достапно во големини од 21 до 30 сантиметри .

    Додај во кошничка
  • Надколени протези

    Карбонско динамично стапало Triton – 1C60

    1C60 Triton одличнo се однесува и при големо оптеретување.
    Направено од лесен, композит од јаглеродни влакна и пружина од полимер со високи перформанси кои  формираат кохезивен систем. Ова овозможува исклучителнo стабилен од  по нерамни површини или при брзо менување на правецот, како на пример при спортување.
    1C60 Triton е погоден за корисници кои сакаат да имаат динамично стапало погодно за секојдневниот живот и рекреативното спортување степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 150 кг.

    1C60 Triton стапалото е достапно во големини од 21 до 30 сантиметри .

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Коленски зглоб со кочница – 3R15

    3R15 е модуларен едносовински коленски зглоб со кочница.
    Наменето е за корисници со низок степен на активност (1). Закочувањето е автоматско при целосна екстензија на коленото.  При одење коленото е закочено и нема свиткување со што се добива стабилност и сигурност при одот. Свиткувањето на коленато е до 140 °. Деблокирањето на коленото е при седнување и рачно со сајлата за откочување.

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Лакотен зглоб Dynamic arm 12K100N – Ottobock

    12K100N DynamicArm е миоелектронски лакотен зглоб, управуван од електромотор и е наменет за корисници со трансхумерални или повисоки нивоа на ампутација. Флексијата на лакотниот зглоб е контролирана со мускулни сигнали. Има висока сила за кревање и држење. Движењата се природни и прецизни со брзо позиционирање. Има атрактивен изглед  и ниско ниво на бучава. Деловите од  силикон ги елиминираат звуците предизвикани од потпирање или удари во тврда површина.

    Протезата е особено незабележителна, благодарение на безшумната фаза на свиткување и обликот и бојата кои се вклопуваат во целокупната слика на човечкото тело.

    Додај во кошничка
  • Протези

    Мио шака 8E39 – Ottobock

    8Е39 SensorHand Speed – моќ, брзина и прецизност.

    Животот се забрзува и SensorHand Speed му помага на корисникот да држи се под контрола. Се отвора и затвора повеќе од два пати побрзо од другите електрични шаки. Корисникот може лесно и прецизно да ја контролира. Вкупно шест различни програми му помагаат на корисникот, овозможувајќи прилагодување на индивидуалните барања. Предметите се држат и позиционираат со насочени мускулни сигнали. Специјалниот систем за стабилизација на фатот со SUVA сензори спречуваат ненамерно испуштање на предметите кои  корисникот ги држи активно и свесно.
    Може да се изберат различни контролни опции користејќи една или две електроди. Ова овозможува оптимална адаптација кон потребите и способностите на корисникот.

    Додај во кошничка
  • Протези

    Пасивна шака 8S7-8S8-8S9 – Ottobock

    Протетски шаки за мажи/жени/деца 8S7-8S8-8S9 на Ottobock се состојат од внатрешна шака и протетска ракавица 8S7-8S8-8S9. Протетскатa шака заедно со протетската ракавица е структурна компонента на пасивната протеза за рака.
    Направена е од функционална пена (гума), со појачување (арматура) од челична жица во секој прст.
    Козметичките раце 8S7-8S8-8S9 се достапни во 43 модели за мажи, жени и деца и треба да се носат со протетската ракавица.

    Обликот, бојата и деталната структура на површината на протетската ракавица даваат реален изглед на шаката.

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Повеќеосовински модуларен коленски зглоб – 3R21

    3R21 е повеќеосовински модуларен коленски зглоб за дезартикулација.
    Горниот дел на зглобот е со дел за ламинација и долниот дел на зглобот се поврзани со предниот и задниот дел со осовини. Демонтажниот дел за ламинирање е поврзан со лежиштето. Стабилноста на фазата на потпирање се постигнува преку повеќеосовинската кинематика. Отпорот и јачината на пружината можат да се подесуваат во секое време.
    Коленoто 3R21 е наменето за корисници чиј степен на активност е низок до среден (1+2).

    Додај во кошничка
Shopping Cart