• Колена

    Пневматско едноосовинско колено со фрикциона кочница – Tedra

    Пневматското колено TEDRА има можност за подесување на екстензијата со што се овозможува одлична стабилност и контрола на фазата на нишање. Спојот на коленото со фрикционата кочница нуди одлична стабилност. Кочницата автоматски се ослободува кога оптеретувањето е на петата.
    Наменето за корисници со среден и висок степен на активност (3).

    Додај во кошничка
  • Колена

    Хидраулично колено Xtreme X60

    Хидраулично колено со двојни завртки кои ја зголемуваат сигурноста на коленото. Има хидрауличен цилиндар кој ја прилагодува брзината на флексија и екстензија на коленото според потребите на корисникот, за да се воспостави поприродно и постабилно одење. Во предниот и задниот дел има капак кој ја штити внатрешноста на коленото од прашина. Се прилагодува според индивидуалните барања на корисникот за одење. Изработен е од нерѓосувачки матерјал со висока цврстина што ја зголемува стабилноста и издржливоста на производот.

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Хидрауличен коленски зглоб – 3R80

    3R80 со својот единствен принцип на ротација на хидрауликата се препорачува и за корисници на протези со телесна тежина до 150 кг. Kaj  3R80  коленото, фазата на нишање и фазата на потпирање се контролирани од хидраулика со што  одењето по скали чекор по чекор и одење по стрмнини е поефикасно и побезбедно. Одот е сличен на физиолошкиот дури и при различни брзини на одење.
    Коленото 3R80 е отпорно на вода до длабочина до 3 метри и има рачно заклучување за уште повисоко ниво на сигурност, особено во влажни услови.
    Коленoто 3R80 е наменето за корисници чиј степен на активност е среден и висок (3+4).

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Хидраулично повеќеосовинско колено – Troya

    Функционирањето на хидрауличното повеќеосовинско колено TROYA е многу блиско до нормалната функција на коленото и е наменето за корисници со среден и висок степен на активност. Во коленото се користи течен медиум наместо воздух, а со тоа се добива поширок опсег на брзини на одење.
    Повеќеосовинската кинематика нуди удобно чекорење и одлична контрола на фазата на нишање.

    Додај во кошничка
  • Колк

    Неопренска ортоза за колк

    3.382,00 ден
    • Ортоза за поддршка и заштита на меките ткива околу колкот;
    • Има пластична шина поставена странично на колкот;
    • Изработена е од двојно ламиниран прозрачен неопрен кој дава топлина и овозможува воздухот слободно да циркулира.
    Одбери опции
  • Колк

    Абдукциона колк ортоза

    20.360,00 ден
    • Aбдукциона колк ортоза овозможува заштита и стабилизација по операциja на колкот како и при луксација и дислокација;
    • Го стабилизира колкот и спречува ротација и дислокација;
    • Има степенест регулатор (до 120 степени) за ограничување на движењето;
    • Изработен е од пластичен материјал обложен со мека и удобна сунѓереста постава и метална шина со можност за индивидуално подесување.
    Одбери опции
  • Индивидуални производи

    Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб

    2105 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб

    • Индивидуална ортоза која се изработува по отисок од пациентот;
    • Се изработува од полипропилен, странично засилена со метални шини од алуминиумска легура;
    • Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот, ортозата сo коленските зглобови може да се изработи со кочница или слободно;
    • Доколку е потребна поддршка на лумбалниот дел, се изработува во спој со пластичен корсет и зглоб во делот на колкот;
    • Поради материјалите кои се вградуваат се одликува со помала тежина;
    • За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага со што одржување на хигиената е подобрено;
    • Можe да се изработи ламиниран со карбонски влакна со што ортозата станува уште полесна и поцврста.
    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб

    2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб

    • Индивидуална ортоза изработена од полиетилен по отисок на пациентот;
    • Ортозата овозможува позиционирање на ногата во барана положба за спречување на несакани движења;
    • Превенира формирање на контрактури особено при спиење;
    • За подобра удобност обложена е со мек сунѓерест материјали кој не прима пот и влага;
    • Лесно се поставува и отстранува благодарение на лепливите ленти, што ја прави лесна за одржување на хигиената.
    Додај во кошничка
Shopping Cart