-
Колено
Неопренска ортоза за колено со метални зглобови – полуотворена
1.450,00 ден- Ортоза со вградени странични зглобови кои максимално ги растоваруваат внатрешните и надворешните лигаменти на коленото, без да го ограничува движењето;
- Обезбедува добра стабилизација на коленото и позиционирање на пателата (капата на коленото);
- Помага во процесот на лекување на повреди на лигаментите, лезии на меките ткива и други повреди на коленото;
- Во горниот и долниот дел има лепливи ленти кои спречуваат поместување и лизгање на ортозата;
- Изработена од порозен неопрен кој овозможува воздухот да циркулира и спречува прекумерно потење во пределот на коленото;
- Дел од предниот дел се отвора што овозможува полесно поставување на ортозата.
-
Колено
Неопренска ортоза за колено со метални зглобови – отворена
1.690,00 ден- Ортоза со странични зглобови кои максимално ги растоваруваат внатрешните и надворешните лигаменти на коленото;
- Го стабилизира коленото и ја позиционира пателата (капата на коленото);
- Помага во процесот на лекување на повреди на лигаментите, лезии на меките ткива и други проблеми со коленото;
- Предниот дел целосно се отвора што овозможува полесно поставување на ортозата;
- Во горниот и долниот дел има лепливи ленти кои спречуваат поместување и лизгање на ортозата;
- Изработена од порозен неопрен кој овозможува воздухот да циркулира и спречува прекумерно потење во пределот на коленото.
-
Колено
Активна ортоза со алуминиумски шини – Genu Direxa
5.528,00 ден- Genu Direxa помага во стабилизацијата на зглобот на коленото, ја намалува болката и повторно ја враќа нормалната функција на зглобот;
- Правилно дозираната компресија при носењето на ортозата ја подобрува сензомоторната функција со што се чувствувате побезбедно;
- Изработена од иновативен материјал TriTech кој е мек и пријатен особено за чувствителните регии на зглобот на коленото;
- Помага во намалување на отокот и хематомите
- Ја ублажува болката во коленото;
- Има две еластични ленти со кои се прилагодува степенот на затегнатост и спречуваат лизгање и поместување на ортозата.
-
Колено
Ткаена ортоза за колено со метални зглобови – отворена
1.350,00 денОваа ткаена ортоза за колено со вградени странични метални зглобови максимално ги растоварува внатрешните и надворешните лигаменти на коленото без да ја ограничи подвижноста на коленото.
Обезбедува добра стабилизација на коленото и позиционирање на пателата на коленото. Фактот дека предниот дел е целосно отворен овозможува лесно поставување на ортозата. -
Колено
Ортоза за корекција на варус или валгус на колено – Agilium Reactive
16.840,00 ден- Agilium Reactive e цврста ортоза за колено наменета за растеретување и стабилизација на коленото, посебно наменета за пациенти со varus или valgus на колено;
- Пациентите со varus деформитет (нозе во форма на лак или ,,О“ нозе) најмногу страдаат од болка во внтрешноста на коленото, додека valgus деформитет (допирање на колената или „ X“ нозе) често доведува до симптоми во надворешната страна на коленото;
- Со својот механизам за растеретување поставен блиску до зглобот, оваа ортоза овозможува ослободување на зглобот на коленото;
- Принципот на олеснување на притисокот од 3 точки го држи зглобот во коректна позиција, спречувајќи ногата да се помрдне на страна: притисокот на болната страна на зглобот е намален;
- Со секој чекор се зголемува мобилноста и активноста на пациентот;
- Ортозата е изработена од лесна алуминиумска рамка, која овозможува удобно носење и под облека.
- Меките делови на ортозата се изработени од нелизгачки материјал;
- Поставувањето е олеснето со нумерираните ленти.
-
Колено
Динамична коленска ортоза – Genu Arexa
16.650,00 ден- Операцијата е неизбежна при повреда на лигаментите на коленото, како што е кинење на преден вкрстен лигамент;
- Ортозата Genu Arexa оптимално ја поддржува секоја фаза од процесот на лекување по операцијата како и при конзервативен третман без операција;
- Овозможува рана мобилност по операција;
- Изработена од лесна и издржлива алуминиумска легура, што ја прави безбедна за носење;
- Оваа ортоза не само што ги спречува несаканите движења, туку ја враќа довербата и безбедноста во мобилноста;
- Овозможува контролиран премин од првите чекори по операцијата до целосно оптоварување на коленото;
- Ортозата може да се носи при спиење како и за време на вежби при физиотерапија;
- Обезбедува странична и медијална стабилност на коленото;
- Лекарите, терапевтите и пациентите ја прифатија Genu Arexa ортозата затоа што е едноставна за поставување, совршено се адаптира на ногата на корисникот и се прилагодува без користење на алат.
-
Колено
Имобилизатор за колено со регулација – Телескопски (Редерсман)
6.480,00 ден- Редерсман ортоза со странични зглобови кои обезбедуваат контрола на аголот на флексија и екстензија на коленото;
- Обезбедува одлична поддршка по операција каде е потребно контролирано движење на зглобот на коленото;
- Има телескопски механизам кој овозможува висината индивидуално да се прилагоди според корисникот;
- Ортозата е изработена од сунѓер со дебелина од 6 мм ламинирана со материјал;
- Ортозата има висока пропустливост на воздух, флексибилност и обезбедува висока компресија;
- За поголема удобност обложена е со меки перничиња кои по потреба се вадат и перат.
-
Колено
Имобилизатор за колено со регулатор (редерсман)
5.750,00 ден- Редерсман ортоза која обезбедува контрола на аголот на флексија и екстензија на коленото благодарение на странично поставените зглобови;
- Обезбедува одлична поддршка по операции каде е потребно контролирано движење на коленото;
- Ортозата е изработена од сунѓер со дебелина од 6 мм ламинирана со материјал;
- Ортозата има висока пропустливост на воздух, флексибилност и обезбедува висока компресија;
- За поголема удобност обложена е со меки перничиња кои по потреба се вадат и перат.