-
Индивидуални производи
Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
- Механичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Помага кај паднато стапало независно од која причина;
- Ортозата има и механички скочен зглоб кој е споен со метална сандала која го опфаќа стапалото и преку која се облекува чевел изработен по мерка;
- За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа.
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
-
Индивидуални производи
Корективен апарат за корекција на скочен зглоб
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
- Динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото.
- На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
- Овозможува добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
- За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото.
-
Индивидуални производи
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
- Ортоза на глуждот (AFO), која е изработена по индивидуален отисок, помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
- Исто така се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помага во намалувањето на спастичноста.
- Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
-
Колк
Неопренска ортоза за колк
3.382,00 ден- Ортоза за поддршка и заштита на меките ткива околу колкот;
- Има пластична шина поставена странично на колкот;
- Изработена е од двојно ламиниран прозрачен неопрен кој дава топлина и овозможува воздухот слободно да циркулира.
-
Колено
Трака за пателарна тетива
460,00 ден- Траката за пателарна тетива се користи при спортски активности кај третман на тетива на пателата;
- Има вградено силиконско перниче кое ја растеретува тетивата на пателата.
-
Колено
Волнен стегач за колено
230,00 ден- Стегач за колено изработен од волна, која дава топлина при ревматски заболувања или повреди;
- Не го ограничува движењето и е удобен за секојдневно носење.
-
Колено
Неопренски стегач за колено – затворен
630,00 ден- Стегач за колено кој обезбедува поддршка при благи трауми и повреди;
- Изработен е од пoрозен неопрен кој овозможува воздухот слободно да циркулира и спречува потење во делот на коленото.
-
Колено
Неопренски стегач за колено со перниче за патела
700,00 ден- Стегач за колено со вградено перниче за поддршка на пателата. Го штити коленото, особено при спортски активности;
- Има меко перниче кое ги минимизира ударите во коленото при удирање и паѓање.;
- Изработен од порозен неопрен кој овозможува воздухот слободно да циркулира и спречува потење во пределот на коленото.