I-Step 5000 има 3744 сензори кои го мерат притисокот на стапалото на секои 0,25cm2;
Големиот број на сензори даваат прецизност и при скенирање на мали стопала (детски);
1326 инфрацрвени диоди и рецептори кои се распоредени на половина милиметар;
Прецизно ја одредува големината на стапалото (должина и ширина) без да користи подвижни делови;
Со „анализа на релативен притисок“ се обезбедува точна слика, дури и кога корисникот стои на скенерот подолг период;
Сликите се прикачуваат во две или три димензии со голема и мала резолуција;
Корисникот добива примерок од резултатите во печатена форма;
Резултатите се чуваат во базата на податоци;
Врз основа на резултатите, препорачуваме соодветни ортопедски влошки кои се изработуваат индивидуално, со цел растеретување на пооптеретените зони, стабилизирање на петата и корекции на сводовите на стапалото.
Спортски влошки кои се изработуваат индивидуално, со сите неопходни корекции со цел оптоварувањето на стапалата да биде оптимално распределено;
Петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено;
Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото, со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото;
Материјалот од кој се изработуваат овие влошки e EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стопалата и колената при спортување;
Спортските влошки се изработуваат по индивидуален отисок на гипсен модел на кој се моделирани сите неопходни корекции со цел рамномерно оптоварувањето на стапалата;
Петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено;
Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото;
Материјалот од кој се изработуваат овие влошки е EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стапалата и колената при спортување;
Ортопедски влошки со скратување, изработени од висококвалитетна кожа;
Се изработуваат индивидуално по утврденото скратување;
Во влошката се вградуваат ортопедско-технички додатоци со различни облици, дебелини и тврдини со цел да се добие растоварување на газењето;
Се препорачува да се носат заради рамномерно оптоварување и заштита на колковите, спречување на појава на сколиоза и болки во лумбалниот дел од ‘рбетот.