Корисни помагала
-
Корисни помагала
Карбонска заштитна маска за лице
13.550,00 денОваа заштитна маска за лице е изработена од карбонски влакна што ја прави еластична, тешко кршлива и ѝ дава посилна отпорност на удар. Уникатниот дизајн овозможува непречен поглед и не го попречува дишењето.
Маската за лице е индивидуална изработена за вашето лице врз основа на гипсен модел, со соодветни корекции при примена на одредени медицински индикации.
Доаѓа со еластичен ремен за да се приспособливи според вашите сопствени потреби, што го прави прикладен и удобен.
Оваа маска е прв избор на професионални спортисти.
Погоден за спортови како фудбал, кошарка, ракомет, борење, карате или одбојка. -
Корисни помагала
Ремен за позиционирање NeoFlex
4.720,00 денРеменот NeoFlex е достапен во две верзии. Широката е наменета за машки, додека тесната е специјално дизајнирана за жени.
Елекот е изработен од висококвалитетен неопрен обложен со ликра. Обезбедува соодветна флексибилност и стабилизација. Средниот дел на ременот е направен од Cordura ® која му дава дополнителна сила на тој дел и ја подобрува стабилноста. Истиот доаѓа со патент.
Дополнително, ќе го подобри дишењето и контралата врз вашите движења. Вртливите токи обезбедуваат слободно вртење и непречено прилагодување на аголот помеѓу ремените и елекот. -
Корисни помагала
Маска за очи – Thera Pearl
650,00 денThera pearl маска за очи за разладувачка или загревачка терапија.
Загревачка терапија се користи при симптоми на дисфункција на солзната жлезда, блефарит (воспаление на очите), суви очи, црвенило на очите или јачмен. Разладувачка терапија се користи при контактен дерматит, атопичен дерматит, потечени очи, отоци по извршени естетски интервенции, главоболка или воспаление на синуси. -
Корисни помагала
Облога за врат и рамена – Thera Pearl
1.200,00 денThera pearl облога за врат и рамена која овозможува лекувачка моќ на терапија со загревање и разладување. Се користи при вкочанет/ искривен врат, болки во пределот на рамената како и трапезоидните мускули и вратот. За разладувачка терапија замрзнете ја облогата најмалку 2 часа, додека за загревачка терапија загрејте ја облогата во микробранова печка.
Терапијата со загревање е совршено решение за релаксирање на вкочанети мускули и поттикнување на протокот на крвта која ги отвора крвните садови и ги ослободува движењата, со што се намалуваат болките. -
Корисни помагала
Облога за грб – Thera Pearl
1.200,00 денThera pearl облога за грб со лента за прицврстување за повеќекратна намена.
Thera pearl перлите ја комбинираат лековитата моќ на терапија со загревање или разладување со која се овозможува олеснување на секојдневните тегоби и болки. Специјалната технологија и дава на облогата еластичност, овозможува виткање и обликување кон телото. Загревачката терапија помага против мускулни болки, додека разладувачката се користи при истегнувања, отекување, синдром на карпален тунел, контрактури, посекотини и хематоми.
Thera pearl облогите можат да помогнат и при воспаленија, менструални болки и главоболки. Со нивна помош болното место се загрева или разладува во зависност од проблемот, што позитивно влијае на интензитетот на болката.
-
Корисни помагала
Спортска облога за третирање различни делови од телото – Thera Pearl
640,00 денThera pearl спортска облога за третман на различни делови од телото со загревање или разладување, која се користи за намалување на болките кои се јавуваат при спортување. Загревачка терапија помага во намалувањето на мускулните болки и грчеви кои се јавуваат, додека разладувачка терапија се користи за исекотини, модринки и болка во забите. Облогата е дизајнирана да ја задржи терапевтската температура на телото во времетраење од 20 минути.
Еластична дури и кога е замрзната, технологијата Thera pearl е доволно ладна за да понуди терапија со мраз без да ја жртвува флексибилноста. Не е цврста, рапава или непријатна, изладените перли во пакувањата остануваат мазни и меки на Вашата кожа.
-
Корисни помагала
Облога за колено – Thera Pearl
1.200,00 денСо Thera pearl облогите до нов степен на олеснување при болка!
Иновативен производ кој со загревање и разладување овозможува олеснување на секојдневните тегоби и болки во телото. Перлите на Thera pearl се дизајнирани да ја задржат терапевтската температура во времетраење од 20 минути и специјално се дизајнирани да се прилагодат на секој дел од телото.
Thera pearl облога за колено со лента за прицврстување обезбедува смирувачко и олеснувачко дејство при артритис, болки во колената, болки пред и после вежбање како и воспаление по хируршка процедура. Дизајнот на облогата ја прави еластична, овозможува лесно виткање и обликување кон телото. -
Корисни помагала
Облога за деца – Thera Pearl
370,00 денThera pearl се изклучиво безбедни, антиалергени, нетоксични и без тешки метали.
Едноставно разладете го или загрејте го и нанесете го на болното место до 20 минути.Thera pearl ќе помогнат вашето дете да се чувствува подобро додека ги ублажува и смирува сите испакнатини, модринки или каснувања од инсекти. Овие шарени, животински пријатели со големина наменета за дете смируваат и утешуваат додека заздравуваат.