-
Потколени ортози
Мултифункционална ортоза – Malleo TriStep
15.996,00 ден- Извртување на скочниот зглоб при спортување е честа повреда, која може да предизвика повреди на лигаментите, при што во многу случаи неопходна е операција проследена со неколку неделна имобилизација;
- Со примена на Malleo Tristep мултифункционалната ортоза, често операцијата се избегнува, а движењето и оптеретувањето на стапалото е можно за пократко време;
- Ортозата Malleo Tristep се прилагодува и користи во три различни фази на лекување и рехабилитација;
- По акутна повреда скочниот зглоб со ортозата е цврсто стабилизиран;
- Подоцна со движењето на стапалото постепено се контролира со ортозата, од ограничени движења до целосно слободно движење;
- Сето ова се постигнува со користење на само една ортоза Malleo Tristep која едноставно се прилагодува на потребите на корисникот.
-
Детски ортози
Корективна лонгета за корекции на деформитети на стaпало – детска
1.680,00 ден- Потколена детска лонгета која помага скочниот зглоб да се држи во функционална положба од 90 степени;
- Изработена е од полиетелиенски материјал од 3мм;
- За поголема удобност ортозата од внатре е обложена со перничиња од сунѓер и текстил кои по потреба може да се перат.
-
Детски ортози
Корективен апарат за корекција на стапало Денис Браун
6.263,00 ден- Ортозата е составена од метална шина и чевли изработени по мерка.
- Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба, а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина.
- Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
- Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после третман на стапалата по методот на Понсети.
-
Детски ортози
Ортопедски чевли за Денис Браун
3.250,00 ден- Чевли за корективен апарат за корекција на стапало Денис-Браун;
- Чевлите треба да обезбедат фиксација на стапалото во правилна положба, а растојанието меѓу стапалата се регулира со променливата должина на металната шина.
- Позицијата на стапалата во ортозата ја одредува лекар.
- Ортозата се носи со цел да се обезбеди правилен раст на стапалата после третман на стапалата по методот на Понсети.
-
Потколени ортози
Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перонеус)
3.012,00 ден2302 | Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перенеус)
- Ортозата за ограничување на плантарната флексијач
- Помага при одење кај проблеми со „паднато стапало” независно од кои причини;
- Изработен од лесен пластичен материјал;
- Едноставен за одржување;
- Благодарение на анатомскиот дизајн може да се вклопи во сите видови на чевли;
- Ортозата индивидуално се адаптира од страна на ортопедски техничар.
-
Потколени ортози
Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перонеус) – Otto Bock
3.662,00 ден2302 | Потколен пластичен апарат со ограничување на плантарна флексија (Перенеус).
- Ортозата Перенеус помага при одење кај проблеми со „паднато стапало” независно од кои причини.
- Го држи стапалото во природна положба;
- Спречува паѓање на предниот дел од стапалото;
- Изработен од лесен пластичен материјал;
- Лесно се оддржува;
- Благодарение на анатомскиот дизајн може да се вклопи во сите видови на чевли.
- Потребно е индивидуално адаптирање на ортозата од страна на ортопедски техничар.
-
Потколени ортози
Динамичка Ортоза – WalkOn Reaction
27.784,00 ден- Луѓето со трајна слабост на дорзифлексорот зависат од медицинско помагало кое им го крева стапалото при одење. Токму тоа е наменета на WalkOn Reaction ортозата;
- WalkOn Reaction помага да се подигне стапалото за време на фазата на замав, така што одењето станува побезбедно и се намалува ризикот од сопнување и паѓање;
- Врвот на стапалото повеќе не се сопнува така лесно и често на мали пречки или нерамнини како без ортозата;
- Благодарение на посебниот дизајн, WalkOn Reaction го поддржува и коленото;
- Во случај на оштетување на мускулатурата за спуштање на стапалото, ортозата го олеснува одењето со висок поврат на енергија која се акумулира за време на оптеретувањето на ортозата при нагазување;
- Со користење на ортозата повторно може да одите природно.
-
Потколени ортози
Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала – Ахилова чизма
4.410,00 ден2304 | Потколен апарат со скочен зглоб и метална сандала
- Ортоза со скочен зглоб и метална сандала која се користи за конзервативен и постоперативен третман на фрактури на потколеница, за постоперативен третман на лигаменти на скочен зглоб, меки ткива и тетиви, за третман кај хронична нестабилност на лигаментите и дислокација на перонеална тетива, за продолжено лекување на talus calcaneus, за рана функционална терапија по конзервативен или хируршки третман на руптура на Ахилова тетива;
- Ортозата има комплет составен од 3 подигнувачи на пета кои обезбедуваат фиксен агол на флексија на скочниот зглоб и овозможува растеретување на Ахиловата тетива;
- Секој подигнувач овозможува имобилизација под агол од 12,5 степени;
- Внатрешноста е обложена со фротир за поголема удобност;
- Лесен е за употреба и има димензии што го опфаќаат секој глужд.