Медицински индикации
- Зглобни изместувања (шинување);
- Руптура на латералниот лигамент;
- Акутна и хронична лигаментарна нестабилност;
- Воспалени дегенеративни зглобни оштетувања
- Хроничен реактивен излив
- Повторливи иритации
- Лигаментарна реконструкција
15.996,00 ден
Извртување на глуждот при спортување е честа повреда која може да предизвика повреди на лигаментите, при што во многу случаи неопходна е операција проследена со неколку неделна имобилизација. Со примена на Malleo Tristep мултифункционалната ортоза често операцијата се избегнува, а движењето и оптеретувањето на стапалото е можно за пократко време.
Структурата на Malleo Tristep овозможува ортозата да се прилагодува и употребува во три различни фази на лекување. По акутна повреда глуждот е цврсто стабилизиран. Подоцна со ортозата движењето на стапалото постепено се контролира од ограничени движења до целосно слободно движење. Сето ова се постигнува со користење на само една ортоза Malleo Tristep која едноставно се прилагодува на потребите на корисникот.
Коментари
Се уште нема коментари.