Динамичка Ортоза – WalkOn Reaction

27.784,00 ден


Луѓето со трајна слабост на дорзифлексорот зависат од медицинско помагало кое им го крева стапалото при одење.
Токму тоа е наменета на WalkOn Reaction ортозата.
WalkOn Reaction помага да се подигне стапалото за време на фазата на замав, така што одењето станува побезбедно и се намалува ризикот од сопнување и паѓање. Врвот на стапалото повеќе не се сопнува така лесно и често на мали пречки или нерамнини како без ортозата.
Благодарение на посебниот дизајн, WalkOn Reaction го поддржува и коленото. Во случај на оштетување на  мускулатурата за спуштање на стапалото, ортозата го олеснува одењето со  висок поврат на енергија која се акумулира за време на оптеретувањето на ортозата при нагазување.
Со користење на ортозата повторно може да одите природно.

Медицински индикации

  • Ослабена дорзална флексија со/без мала до умерена спастичност;
  • Мало оштетување на плантарно-флексорните мускули
  • Деформации на стопалата кои што можат да се корегираат со влошки и делови за латерална поддршка
  • Мало оштетување кај потколеницата

Големина

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Динамичка Ортоза – WalkOn Reaction”
Shopping Cart