• Лакт

    Лента за епикондилитис

    365,00 ден


    Специјално дизајнираното перниче прави притисок и ја растеретува тетивата и ја намалува болката во третманот кај епикондилитис. Лентата за епикондилитис е изработена од неопрен со универзална големина која се прилагодува.

    * Се прилагодува на сите големини и страни (лева/десна).

    Додај во кошничка
  • Лакт

    Неопренски стегач за лакт

    450,00 ден


    Неопренскиот стегач за лакт обезбедува заштита по целата површина на лактот, со компресијата што ја прави ја намалува болката, изработен е од неопрен, ја подобрува циркулацијата и го забрува процесот на лечење. Погоден за користење при физички и спортски активности.

    Одбери опции
  • Лакт

    Стегач за лакт – Epi Sensa

    2.545,00 ден

    Epi Sense – Ottobock ресорпција на едеми и изливи.
    Во случај на болки во лакотот, појава на оток или излив, Epi Sense  ја подобрува циркулацијата со што ја подобрува ресорпцијата на отоците. Истовремено ја намалува болката и ја подобрува функционалноста на лакотниот зглоб. Особено важно е тоа што во материјалот се вткаени антибактериски влакна (Skinguard технологија) за оптимална хигиена при повеќечасовно носење на ортозата.

    Одбери опции
  • Лакт

    Митела – луксузна

    440,00 ден


    Оваа луксузна митела овозможува фиксација на рамото и надлактицата при скршеници на надлакотна коска или дислокации на рамо, како и при воспаленија и мекоткивни повреди. Ја стабилизира раката во посакуваната позиција и го поставува рамото во релаксирачка положба. Изработена е од ламинирана ткаенина од внатрешната страна.

    Одбери опции
  • Лакт

    Митела со перниче 30°

    1.300,00 ден


    Оваа митела со перниче овозможува имобилизација на рамото и ограничување на движењето во абдукција од 30°. Индицирана е кај постоперативни тремани на рамо. Изработена е од ламинирана ткаенина и сунѓересто перниче за абдукција, дизајнот на перничето овозможува едноставна употреба за било која рака.

    * Се прилагодува на сите големини и страни (лева/десна).

    Додај во кошничка
  • Лакт

    Митела со перниче 45 – 60°

    1.300,00 ден


    Оваа митела со перниче овозможува имобилизација на рамото и ограничување на движењето во абдукција од 60° . Индицирана е кај постоперативни тремани на рамо. Изработена е од ламинирана ткаенина и сунѓересто перниче за абдукција, дизајнот на перничето овозможува едноставна употреба за било која рака.

    * Се прилагодува на сите големини и страни (лева/десна).

    Додај во кошничка
  • Лакт

    Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб

    7.919,00 ден

    2401 | Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб

    Корективниот апарат се користи при конзервативен третман кај дислокации на лакотниот зглоб, во процесот на рехабилитација при контрактури, при третман кај скршеници на латералниот или медијалниот епикондил, постоперативна имобилизација. Овозможува контролирано движење во лакотниот зглоб со помош на степенест регулатор.

    * Се прилагодува на сите големини и страни (лева/десна).

     

    Додај во кошничка
  • Лакт

    Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб

    7.919,00 ден

    2401 | Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб

    Надлакотниот корективен апарат  изработен е од пластика и интегрирани траки кои овозможуваат бандажа на целата рака. Се препорачува при скршеници, контрактура на зглоб, луксации како и за постоперативна стабилизација и имобилизација. Лесно постигнува контролирана мобилизација во лакотниот зглоб на потребниот степен и претставува идеална алтернатива за конзервативниот гипс. Едноставно е подеслив, со удобни меки потпори на лежиштето на раката.

     

     

    Одбери опции
Shopping Cart