-
Појаси и мидери
Еластичен мидер со ногавици
1.148,00 ден574,00 денКомпресивен мидер со ногавици.
Дополнителна предна абдоминална поддршка. -
Појаси и мидери
Појас за трудници
1.237,00 денПојасот за трудници обезбедува поддршка на сакроилијачната регија во текот на бременоста. Ги растеретува мускулите во долниот дел на грбот при болки во тој дел.
После раѓање се врти и се користи како позитив ,за да се спречи попуштање и деформација на стомакот.
За употреба после раѓање, прво се вадат пластчните фишбајни.Се користи со препорака на лекар.
-
Индивидуални производи
Кожни влошки – индивидуални
950,00 денКожните ортопедски влошки се изработени од висококвалитетна кожа по индивидуален скен на стапалата на корисникот. Во влошката се вградуваат ортопедско-технички додатоци со различни облици, дебелини и тврдини со цел да се добие растоварување на газењето или корекција на деформитетот според скенот на стапалата.
Најчесто вградуваните додатоци во кожните влошки се:- Повишување во пета со отвор.
- Супинационо перниче.
- Метатарзално перниче.
- Медијално (внатрешно) повишување.
- Латерално (надворешно) повишување.
Изборот на вградените додатоци го дефинира лекар врз основа на преглед или наш ортотичар врз основа на дигитален скен на стапалата.
-
Индивидуални производи
Спортски влошки по дигитален отисок
1.680,00 денСпортските влошки се изработуваат после дигиталната анализа на стапалата , по индивидуален отисок на гипсен модел на кој се моделирани сите неопходни корекции со цел оптоварувањето на стапалата да биде оптимално распределено.
Кај овие влошки петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено. Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото.
Материјалот од кој се изработуваат овие влошки e EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стопалата и колената при спортување. Се одликуваат со мала тежина (50гр). -
Индивидуални производи
Спортски влошки по гипсен отисок
6.150,00 денСпортските влошки се изработуваат после дигитална анализа на стапалата, по индивидуален отисок на гипсен модел на кој се моделирани сите неопходни корекции со цел оптоварувањето на стапалата да биде оптимално распределено.
Кај овие влошки петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено. Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото.Материјалот од кој се изработуваат овие влошки е EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стапалата и колената при спортување.
Се одликуваат со мала тежина (50 грама). -
Ортопедски влошки
Кожни влошки со гумено супинационо перниче
650,00 денОвие кожни ортопедски влошки се готов сериски производ изработен од телешка кожа.
Наменети се за најчестиот деформитет на стапалото, паднат надолжен свод (спуштен табан). Во влошката е вградено супинационо перниче кое го враќа сводот во анатомска положба со што ја подобрува статиката на стоењето и го распоредува оптоварувањето на стапалата, колената и рбетниот столб. -
Индивидуални производи
Кожни влошки за скратување 1 – 3 см
1.200,00 денКожните влошки со скратување се изработени од висококвалитетна кожа по утврденото скратување. Во влошката се вградуваат ортопедско-технички додатоци со различни облици, дебелини и тврдини со цел да се добие растоварување на газењето.
Се препорачува да се носат заради рамномерно оптоварување и заштита на колковите, спречување на појава на сколиоза и болки во лумбалниот дел од рбетот. -
Детски ортози
Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало – UCBL
2610| Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Ортозата за стaпало UCBL e ортоза која има максимална контрола на позицијата на стапалото. Се користи за корекција на флексибилни деформитети на стапалото, го контролира и лакот и правецот на стапалото. Се разликува од стандардните ортотички средства за стапала по тоа што целосно ја опфаќа петата за да ја држи во правилнa положба.