Право на повлекување/враќање на производ

Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на производот со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe вратен неупотребуван, со сочуван изглед и употребни својства, неоштетен, неперен и спакуван во неговото оригинално пакување со сочувани фабрички означувања и етикета. Исто така, нарачаниот производ не може да се врати доколку истиот е користен. Во спротивно потрошувачот го губи правото на повлекување. Потрошувачот не може да го користи правото на повлекување во случај на купување на оригинално затворени производи што не се погодни за враќање поради хигиенски причини или заштита на здравјето, а се отворени по испораката.

*Напомена: Поради хигиенски причини, следниве производи не подлежат на враќање: компресивни чорапи и хулахопки, антидекубитални душеци и тоалетни помагала.

Правото на враќање на производ може да го остварите најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот, со пополнување и испраќање на Барањето за враќање на производ , кој е достапен на следниот ЛИНК или со која било друга недвосмислена изјава за вашата одлука. Со цел да се процесира вашето барање за враќање на производ, ве молиме испратете ни го на е-маил на online@slavej.mk или обратете ни се телефонски на 075 385 221. Со поднесување на барањето за враќање на производ  се согласувате од наша страна да бидат обработувани Вашите лични податоци, вклучувајќи доколку е потребно и број на трансакциска сметка,  кои се неопходни за цели на постапување по Вашето барање за враќање на производ и рефундација на средства. Повеќе информации прочитајте во делот Политика за приватност.

Враќањето на производите или откажување на нарачката може да се направи исклучиво онлајн и не е можно физички да се врати производот во продавниците.

Откако производот ќе се врати во продавница, ќе се утврди дали производот е вратен во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека производот не е вратен во соодветната состојба, ќе биде одбиено барањето за поврат и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, преку контакт телефонот или на е-маилот кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите поврат во малопродажните објекти на нарачаниот производ.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на 075 385 221 Понеделник – Петок 08-16ч или испратете е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на online@slavej.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на Вашето барање.

РОК ЗА ПОВРАТ НА ПРОИЗВОД

Процедурата за поврат на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот.

ТРОШОЦИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

Во случај на повлекување/замена на производот најпрвин треба да нѐ исконтактирате на телефонскиот број 075 385 221  или на е-маил online@slavej.mk.

Трошокот за враќање изнесува  според официјалниот ценовник на Карго експрес според волуменот и тежината на производот. Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ, во кој случај важат правилата за РЕКЛАМАЦИИ објавени на нашата веб страна.

РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА

Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање на производот, Славеј АД Скопје има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво на трансакциската сметка на купувачот. Целокупната процедура за рефундација може да трае од 15 до 30 дена.

НАПОМЕНА:

Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за повлекување од договор и враќање на производи.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.