Како до протеза преку ФЗОМ?

Вашиот матичен лекар Ви закажува термин со специјалист физијатар или ортопед.

Пред да одите кај лекар специјалист треба да се обратите кај стручно лице (СПО техничар) во Славеј за евалуација на состојбата.

Специјалистот, физијатар или ортопед, Ви препишува потврда за ортопедски помагала - протеза (ПОП образец), според насоките и препораките на стручното лице од Славеј.

Потврдите треба да се заверат во Фондот за здравствено осигурување, во рок од 30 дена.

Дојдете во Славеј во рок од 30 дена од датумот на препишување на потврдите за изработка на протеза.
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.