Како до ортоза преку ФЗОМ?

Вашиот матичен лекар ви закажува термин со специјалист-физијатар, ортопед, невролог или хирург.

Специјалистот (физијатар, ортопед, невролог или хирург) може да ги погледне помагалата кои одат на товар на ФЗОМ на нашата веб страница.

Лекарот специјалист, Ви препишува потврда за потреба од ортопедско помагало (ПОП образец).

Потврдата треба да се завери во Фондот за здравствено осигурување, во рок од 30 дена.

Во истиот рок од 30 дена, кој започнува од денот на препишување на потврдата, дојдете во Славеј за да подигнете готово помагало или да нарачате индивидуално ортопедско помагало.
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.