Што е Exopulse Mollii Suit?
Exopulse Mollii Suit from Ottobock е првиот костум за невромодулација кој користи физиолошки рефлексен механизам, наречен реципрочна инхибиција: со испраќање на електричен сигнал до антагонистичкиот мускул, спастичниот се релаксира.
Природната реакција која ја создава костумот може да помогне во опуштање на спастичните мускули, активирање на слабите мускули и намалување на болката. Ова им овозможува на корисниците подобрување на движењето и поакативен живот.
Костумот се користи за ниско-енергетска транскутана електрична стимулација на целото тело. Со редовно користење на костумот се намалуваат симптоми кои се карактеристични за невролошки состојби, како што се церебрална парализа, мултиплекс склероза, мозочен удар и повреди на ‘рбетниот мозок.
Оваа стимулација е неинвазивна, нефармаколошка и има ограничени несакани ефекти во споредба со други познати инвазивни или фармаколошки третмани за спастицитет и хронична болка. Според резултатите од клиничките студии, ова доведува до позитивни ефекти во однос на движењето, рамнотежата, функциите на рацете, одењето и подобрување на квалитетот на живот на корисникот.
Exopulse технологија
Со притискање на само едно копче, костумот Exopulse Molli ви дава моќ да ги контролирате симптомите на спастиците – нарушување на движењето кое е карактеристично за лицата со церебрална парализа (CP), мултиплекс склероза (MS), мозочен удар и други невролошки состојби.
Exopulse технологија
Костумот Exopulse Мollii е составен од горен дел (јакна), долен дел (пантолони) и контролна единица. Достапен е во 37 големини, најмалата големина е за деца на возраст од 2 до 3 години а најголемата 5XL за возрасни. Костумот има 58 вградени електроди кои стимулираат 40 групи на мускули. Има 30 различни програми по групи на мускули, и користи фрекфенција под 20 Hz за стимулација со невромодулација.
Оделето е наменето за пациенти со:
-Мултиплекс склероза (МС)
-Церебрална парализа (ЦП)
-Мозочен удар
-Повреда на ‘рбетен мозок
Како Exopulse Mollii Suit функционира?
Костумот EXOPULSE Mollii се користи за стимулација на антагонистичкиот мускул, заради релаксирање на мускулот кој е спастичен. На пример, ако мускулот бицепс е спастичен, костумот се користи за стимулирање на трицепсот. Со помош на природен рефлексен механизам наречен реципрочна инхибиција, бицепсот последователно ќе се релаксира. Со опуштање на мускулите постепено се подобрува нивната функција.
Костумот Exopulse Mollii исто така ја намалува хроничната болка, според која со електростимулација на периферните нерви, се превенира чувството на болка да стигне до мозокот. Исто така костумот има уникатно дејство, со користење на ниска фрекфенција, да ја инхибира болката со активирање на рецептори во ‘рбетниот мозок и мозочното стебло.
Нивоата на серотонин во ‘рбетниот мозок може да се зголемат за време и по третманот со електростимулација.
Костумот Exopulse Mollii е безбеден и едноставен уред кој ја олеснува хроничната болка и помага побрзо да се обноват моторните функции. Се користи еден час секој втор ден и се препорачува во комбинација со физиотерапија, тренинг, активност или движење. Ефектите се индивидуални и може да траат и повеќе од 48 часа.
Костумот Mollii Suit можете да го пробате (тестирате) во просториите на Славеј во Капиштец. За да закажете преглед потребно е да ги внесете вашите податоци или податоци на лицето што треба да го проба во прашалникот подолу.
Exopulse Mollii костумот е медицински уред за деца и возрасни со:
Exopulse Mollii Suit може да ја попречи работата на одредени типови медицинска опрема. Забрането е користење на костумот во следниве случаи:
Доколку корисникот има вграден електронски медицински уред или опрема чија работа може да се попречи од магнети, на пр. пејсмејкер, шантови.
Доколку имате некоја од следниве болести или состојби, потребна е консултација со лекар пред да го користите костумот Exopulse Mollii:
Пациентите кои го тестирале ова одело многу ретко искусиле благи, привремени несакани ефекти од стимулацијата која ја добиваат. Овие несакани ефекти типични за електричната стимулација се:
Во повеќетo случаи, да, но секогаш консултирајте се со вашиот лекар за да се уверите дека тоа е соодветно за Вас.
Со одобрение од вашиот лекар, Exopulse Mollii Suit идеално треба да се користи во комбинација со физиотерапија, тренинг или физичка активност.
Ве молиме консултирајте се со вашиот лекар, доколку во моментот примате инjекции со ботулински токсин или Ви препишале орални лекови за спастичност.
Не го користете оделото дoколку имате вграден медицински уред.
Горниот дел и пантолоните на Molli Suit (не и контролната единица) се перат во машина до 25 пати на 40 степени. Може да се чисти во кабинет со систем на чистење на пареа, онолку често колку што е потребно.
Контролната единица НЕ смее да се става во машина за перење или кабинет на пареа. Со тоа ќе се поништи двегодишната гаранција.
Ефективноста на Molli Suit е тестирана во неколку различни клинички истражувачки програми, вклучително и независни студии спонзорирани од Ottobock.