2607SL
Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус на колено
ФЗОМ 2607
Опис
- Ортозата се користи за корекција на Валгус или Варус деформитет на колената;
- Делува со страничен притисок на коленскиот зглоб кај децата во раст од страната каде е потребно зависно дали се работи за О или Х нозе;
- Изработена е од метална шина со пластична пелота за потпора на натколеницата и пластична лонгета за стапалото кои се користат како потпорни точки;
- Има бандажирано перниче за коленото преку кое се врши притисок на коленото.
ФЗОРСМ медицински индикации
- M21.0 Стекната валгус деформација;
- M21.1 Стекната варус деформација;
- M21.9 Стекнати деформации на екстремитети, неспецифицирано;
- Q74.1 Конгенитална малформација на колено.
Препишува
- Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед или физијатар.
ФЗОРСМ право на ново помагало