Untitled-1Untitled-1

2606SL

Твистеров апарат за корекција на абдукција и адукција на долните екстремитети

ФЗОМ 2606

Опис

  • Твистеровиот ортопедски апарат се состои од карличен појас, црева за деротатори со челична деротациона сајла и приклучоци за чевлите што овозможува корекција на ротација на стопалата при движење и растење на корисникот;
  • Го корегира дебалансот меѓу внатрешните мускули за ротација на колкот и мускулите на феморалниот врат.
  • При користење на ортозата движењето на корисникот е слободно.

 

ФЗОРСМ медицински индикации

  • G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа;
  • G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
  • G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
  • G83.1 Моноплегија на долен екстремитет;
  • G83.9 Паралитичен синдром, неозначено;
  • M21.0 Валгус деформација, некласифицирана на друго место;
  • M21.1 Варус деформација, некласифицирана на друго место;
  • M21.5 Стекната канџеста шепа, крива шепа, канџесто стапало и криво стапало;
  • M24.5 Контрактура на зглоб;
  • M62.4 Контрактура на мускул.

Напомена

* Се изработува во спој со ортопедски чевли:
– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.

Препишува

  • Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед или  физијатар.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • до 7 години на 12 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.