Опис
- Индивидуална ортоза која се изработува од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ногата, споени со модуларни ортотички коленски зглобови;
- Зависно од тежината и активноста на корисникот, металните шини може да бидат челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата, коленските зглобови може да се со кочница или слободни;
- Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
- За поголема удобност обложена е со филц и природна кожа;
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
* Се изработува во спој со ортопедски чевли:
– ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
– ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.