natkolen-so-koleno-zglobnatkolen-so-koleno-zglob

2105SL

Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб

ФЗОМ 2105

Опис

  • Индивидуална ортоза која се изработува по отисок од пациентот;
  • Се изработува од полипропилен, странично засилена со метални шини од алуминиумска легура;
  • Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот, ортозата сo коленските зглобови може да се изработи со кочница или слободно;
  • Доколку е потребна поддршка на лумбалниот дел, се изработува во спој со пластичен корсет и зглоб во делот на колкот;
  • Поради материјалите кои се вградуваат се одликува со помала тежина;
  • За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага со што одржување на хигиената е подобрено;
  • Можe да се изработи ламиниран со карбонски влакна со што ортозата станува уште полесна и поцврста.

ФЗОРСМ медицински индикации

  • B91 Секвели од полиомиелит;
  • G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и сродни синдроми;
  • G24(G24.0-G24.2) Дистонија;
  • G35 Мултипла склероза;
  • G71.1 Миотонични заболувања;
  • G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа;
  • G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
  • G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
  • G83.1 Моноплегија на долен екстремитет;
  • G83.3 Моноплегија неозначено;
  • G83.9 Паралитичен синдром, неозначено;
  • М24.3 Патолошка дислокација и сублуксација на зглоб, некласифицирана на друго место;
  • М24.5 Контрактура на зглоб;
  • М24.6 Анкилоза на зглоб;
  • М24.8 Други специфични оштетувања на зглоб, некласифицирани на друго место;
  • М25.2 Расцепен зглоб;
  • М25.6 Вкочанетост на зглоб, некласифицирано на друго место;
  • М62.3 Синдром на неподвижност (параплегичен);
  • М62.4 Контрактура на мускул;
  • М62.5 Мускулна слабост и атрофија, некласифицирано на друго место;
  • М84.0 Лошо сраснување на фрактура;
  • М84.1 Несраснување на фрактура (псевдоартроза);
  • М87.0 Идиопатска асептична некроза на коска;
  • М91.1 Јувенилна остеохондроза на главата на фемурот;
  • I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
  • Т93.2 Секвели од фрактури на долен екстремитет;
    – Сите видови на млитава и спастична парализа;
    – Контрактури;
  • Q05.7 Лумбална спина бифида без хидроцефалус.

Препишува

  • Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед или физијатар.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 12 месеци
  • Над 7 години на 14 месеци
  • 18-65 години на 24 месеци
  • Над 65 години на 36 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.