trigokids-0trigokids-0

3110VMB

Активна инвалидска количка – Trigo S kids

ФЗОМ 3110

Количката се изработува индивидуално. Стручно лице од Славеј, во соработка со Вас и детето, зема мерки и одбира компоненти според неговите потреби и желби, по што количката се нарачува. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за детето.

69.855,00 ден

Партиципација: 0%

Достапно по нарачка

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Модерна активна инвалидска количка Trigo S kids е специјално дизајнирана за деца кои се мобилни;
  • Достапна е во светли и живописни бои и има многу можности за прилагодување;
  • Лесно се склопува и едноставна е за транспорт;
  • Има странични панели кои се подесуваат по висина;
  • На количката може да се менува центарот за гравитација за да се прилагоди на потребите на секој корисник;
  • Во зависност од индивидуалните потреби, поголемиот дел од тежината на корисникот и столот може да се префрли на предна или задна страна;
  • Единечен потпирач за нозе кој се подесува по висина;
  • Количката индивидуално се конфигурира заедно со корисникот, со земање мерка и избор на компоненти според потребите и желбите на корисникот.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина: 67,6-104,6 см
  • Ширина на седиште: 30 – 50 см
  • Длабочина на седиште: 32 – 50 см
  • Вкупна ширина: 46 – 66 см
  • Вкупна висина: 45,7 – 94,5 см
  • Висина на седиште: 38 – 51 см
  • Тежина на количка: >11 кг
  • Тежина на корисник: 70 – 130 кг

ФЗОРСМ медицински индикации

  • (G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
  • (G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
  • (G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
  • Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
  • Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
  • Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).

Критериуми

Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:

  • Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
  • Работен однос;
  • Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано;
  • Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.