Универзална инвалидска количка – 3101DAA

14.150,00 ден

3101 | Универзална инвалидска колчичка со подвижен наслон и папучи кои се подесуваат – Стандард

3101DAA е мултифункционална механичка инвалидска количка.

3101DAA е склоплива инвалидска количка со челичен рам.
Потпирачот за грб е наклонлив и потпирачите за нозе се подесливи и можат да бидат хоризонтални и со тоа  корисникот да биде во лежечка положба.
Количката има потпирач за глава, прилагодливи наслони за листот на нозете, подигнувачки потпирачи за раце и додаток на рамот за непревртување.

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 410/460 mm,
  • Длабочина на седиштето 400 mm,
  • Висина на потпирачот за грб 430 mm,
  • Висина 650/1160mm,
  • Ширина 650 mm,
  • Должина 1200 mm,
  • Тежина тежина 25/27,5 kg,
  • Максимална тежина на корисникот до 100 kg.

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20 Паркинсонова болест;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначена;
G81.9 Хемиплегија, неозначена;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до или под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двета долни екстремитети на било кое ниво освен само прсти;
Z96.8 Присуство на други означени функционални имплантати.

Дополнителни информации

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Универзална инвалидска количка – 3101DAA”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart