Инвалидска собна количка (Стандард) – 3102ASB

11.031,00 ден

3102 | Инвалидска собна количка – Стандард носивост до 200 кг.

3102ASB е стандардна инвалидска количка со голема носивост.

3102ASB е склоплива инвалидска количка со челичен рам наменета за корисници со телесна тежина до 230 kg.
Конструкцијата не рамот е појачана и има двојни оски на системот за склопување.
Количката има демонтажни потпирачи за раце, и преклопни потпирачи за нозе. Количката е склоплива и е лесна за транспорт и складирање.

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 508/560/610 mm,
  • Длабочина на седиштето 460 mm,
  • Висина на потпирачот за грб 460 mm,
  • Висина 914 mm,
  • Должина 1067 mm,
  • Тежина 25,9 kg,
  • Максимална тежина на корисникот до 230 kg.

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Напомена

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Инвалидска собна количка (Стандард) – 3102ASB”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart