Универзална инвалидска количка со подвижен наслон и папучи – 3101ASA

14.150,00 ден

3101 | Универзална инвалидска количка со подвижен наслон и папучи кои се подесуваат – Стандард 

3101ASA е мултифункционална механичка инвалидска количка.

3101ASA е склоплива количка со челичен рам.
Потпирачот за грб е наклонлив. Потпирачите за нозе се подесливи и можат да бидат хоризонтални. Со потпирач за грб и потпирачи за нозе во хоризонтална положба  корисникот може да биде во лежечка положба.
Количката има потпирач за глава, прилагодливи наслони за листот на нозете, подигнувачки потпирачи за раце.

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 410/460 mm,
  • Длабочина на седиштето 460 mm,
  • Висина на потпирачот за грб 533/787 mm,
  • Висина 1270 mm,
  • Ширина 673 mm,
  • Должина 1270 mm,
  • Тежина тежина 25,9 kg,
  • Максимална тежина на корисникот до 135 kg.

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Дополнителни информации

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Универзална инвалидска количка со подвижен наслон и папучи – 3101ASA”
Shopping Cart