Инвалидска собна количка со адаптација за WC – 3102ASD

12.811,00 ден

Цената е со вклучена адаптација

3102 | Инвалидска собна количка – Стандард со адаптација за WC

3102ASD е класична стандардна инвалидска количка.

3102ASD е склоплива количка со челичен рам и адаптација за WC.
Количката има подигнувачки потпирачи за раце, демонтажни и преклопни потпирачи за нозе.
Адаптацијата зе WC е демонтажна и склопена количката е лесна за транспорт и складирање.

*Потребна е дополнителна потврда за адаптација за WC(3201)

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 460 mm,
  • Висина на седиштето 546 mm,
  • Должина 1067 mm,
  • Висина 990 mm.

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26 Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32 Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G80.0 Спастична церебрална парализа;
G80.2 Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9 Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10 Воспалителни полиартропатии;
M15.9 Полиартроза, неозначено;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит.

Напомена

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Инвалидска собна количка со адаптација за WC – 3102ASD”
Shopping Cart