Лесна инвалидска количка – V200

30.119,00 ден

3109 | Стандардна лесна инвалидска количка

Партиципација: 0%

  • Склоплива лесна инвалидска количка со можност за персонализација според потребите на корисникот;
  • Изработена од алуминиум;
  • Потпирачите за нозе се подесуваат по висина, ротираат и отстрануваат;
  • Задните тркала се отстрануваат лесно без алат;
  • Алуминиумски кочници;
  • Длабочината на седиштето се подесува во две позиции;
  • Висината на седиштето се подесува во четири позиции;
  • Аголот на седиштето се подесува во пет позиции;
  • Висината и длабочината на потпирачите за раце се подесуваат во три позиции;
  • Балансер против превртување.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 390-500мм
  • Длабочина на седиште: 440-460 мм
  • Висина на седиште: 400 мм
  • Должина: 1010 мм
  • Ширина: 590-700 мм
  • Висина: 955 мм
  • Тежина на количка: 16,5 кг
  • Максимална тежина на корисник: 130 кг

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4;G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
(G82.3;G82.4 и G82.5) Тетраплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво), (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено), (доколку не може да се постави
протеза).

Критериуми

На осигуреното лице кое трајно користи инвалидска количка му се одобрува стандардна лесна инвалидска количка која е наведена во списокот на ортопедски помагала.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Лесна инвалидска количка – V200”
Shopping Cart