Лесни инвалидски колички
-
Колички
Стандардна лесна инвалидска количка Eclips X2 – 3109VMX
30.119,00 ден3109 | Лесна инвалидска количка
Vermeiren Eclipse X2 е склоплива лесна инвалидска количка .
Новата боја на рамот-карбон и и употребата на црни гуми, на количката и даваат модерен изглед. Седиштето е подесливо за промена на центарот на гравитација (тежиштето) со што се одбива поголема стабилност и подвижност. Алуминиумската легура на рамот и вилушките на предните тркала придонесуваат за минимална тежина на количката.
Има склоплив потпирач за грб (помалу простор при транспорт), преклопливи потпирачи за нозе, рачни кочници (важна функција за безбедноста на придружникот кога ја вози количката на падини), лесно демонтажни задни тркала и има перниче за седиштето и потпирачот за грб. Тапацирот е двобоен и е изработен од материјал AirFlow за подобра вентилација.
-
Колички
Стандардна лесна инвалидска количка – START M2S – 3109OBA
30.119,00 ден3109 | Стандардна лесна инвалидска количка
OttoBock Start M2S е склоплива лесна инвалидска количка.
Start M2S е индивидуално подеслива лесна инвалидска количка со едноставен и сигурен механизам за склопување. Кратенката “S” означува ‘Stock’,што значи дека количката е однапред делумно конфигурирана за побрза достапност. Центарот на гравитацијата-позицијата на седење (тежиштето) се подесуваат за секој корисник индивидуално. Висината на потпирачите за раце и длабочината на седиштето може да се подесуваат рачно и без алат.
Понатамошните изборни индивидуални поставки се: потпирачи за нозе за ампутација, подигање на потпирачите за нозете по висина и модификација на ширината на потпирачите на нозете.Антибактериски рачки за управување (буткање),
Подеслив тапацир, -
Лесни колички
Стандардна лесна инвалидскa количка – V200 Go – 3109V200
30.119,00 денОвој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Vermeiren V200 Go е активна алуминиумска склоплива инвалидска количка.
Потпирачите за раце се демонтажни и подесливи по висина со што го олеснуваат седнувањето во количката. Дополнително и потпирачот за грб се навалува со што транспортот на количката едноставен и лесен. Седиштето може да се подесува по висина и агол. V200 Go има можност од поместување на центарот на гравитација (тежиштето) напред или назад во зависност од потребите и состојбата на корисникот .
Голем избор на додатна опрема.
-
Колички
Стандардна лесна инвалидска количка – Eclips X4 – 3109VMX4
34.840,00 денОвој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Vermeiren Eclips X4 е склоплива лесна инвалидска количка.
Eclips X4 стандардно има пониски потпирачи за раце за непречена манипулација со околината. Има брзо демoнтажни задни тркала. Потпирачот за грб се преклопува до лежечка положба. Има хидраулични амортизери за поголема удобност при користењето. Преклопни и демонтажни потпирачи за раце. Потпирачите за нозе се преклопуваат и се подесливи по висина.
-
Колички
Стандардна лесна инвалидска количка – D200 – 3109D200
30.119,00 денVermeiren D200 е склоплива лесна инвалидска количка.
На D200 многу елементи може да се прилагодат на потребите на корисникот. Тие се: aголот на потпирачите за нозе, висината и длабочината на потпирачите за раце, висината на седиштето, подесување на притисокот на наслонот за грб и висината на рачките за буткање.
Висината на седиштето се подесува во 3 позиции, а потпирачите за раце се преклопуваат и се демонтажни.
Како опција е и склоплив потпирач за грб.
-
Колички
Лесна инвалидска количка – V200 – 3109V200
30.119,00 денVermeiren V200 е склоплива лесна инвалидска количка.
V200 е количка од лесна легура, модерен дизајн и овозможува подесување на параметрите на количката до одреден степен како што се: длабочината на седиштето, потпирачот за грб, висината на седиштето од земја, висината и длабочината на потпирачите за раце, позицијата на седиштето (тежиштето) и висината на рачките за туркање.
-
Колички
Лесна инвалидска количка – V300 – 3109V300
30.119,00 денVermeiren V300 е склоплива лесна инвалидска количка.
V300 е количка од лесна легура, модерен дизајн и овозможува подесување на параметрите на количката до одреден степен и има можност за промена на тежиштето. V300 е со модуларен дизајн т.е. има избор на голем број опции, од кои сите се заменливи.
Висината на седиштето се подесува во 4 позиции, длабочината на седиштето се подесува во 5 позиции, потпирачот за рака има 3 различни висини, потпирачот за грб се подесува во 5 позиции, седиштето има 4 различни висини и 9 различни ширини и рачките за туркање се подесуваат по висина.
Има и торбичка за мобилен телефон под седиштето. -
Лесни колички
Транспортна лесна инвалидска количка – Bobby EVO – 3120VMA
19.920,00 денОвој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Vermeiren – Bobby EVO е компактна склоплива теренска инвалидска количка.
Се склопува за само неколку секунди што ја прави совршена за транспорт.
Потпирачите за раце се подигнуваат и наслонот за грб се преклопува со што седнувањето е многу олеснето. Bobby EVO има лесно демонтажни задни тркала и црни предни тркала, демонтажни и преклопни потпирачи за нозе и рачни кочници за придружникот.